Охрид ќе добиe лизгалиште оваа зима

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на 7 (седум) монтажни спортски лизгалишта во Република Северна Македонија и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000,00 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.

 |   | 

Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до 1.11.2019 година.

Ова не е прв пат во Охрид да се постави лизгалиште, имено во 2014 година на плоштадот кај споменикот Св. Климент Охридски на иницијатива на општината беше монтирано лизгалиште. Ваквиот чин тогаш предизвика силни реакции на тогашната опозиција во советот која ја оспори законитоста на постапката, а случајот со легалноста на постаувавњето на реквизитот заврши на суд.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top