Post Views: 6
Германската канцеларка Ангела Меркел го повика папата Бенедикт XVI јасно да каже дека Ватикан не дозволува никакво негирање на холокаустот.
Овој е нејзин прв, невообичаено остар, одговор на одлуката на Папата да рехабилитира четворица католички бискупи, од кои еден го негира постоењето на холокаустот.
Меркел, ќерка на протестантски свештеник, рече дека обично не ги коментира внатрешните работи на Црквата.
„Меѓутоа, друго е кога зборуваме за фундаменталните прашања“, рече Меркел.
„Мислам дека е фундаментално прашање ако – поради одлуката на Ватикан се создаде впечаток...
Post Views: 0
Државниот секретар на САД Мајк Помпео попладнево ќе слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, по што ќе одржи прес конференција.
По повод официјалната посета на американскиот државен секретар, во Охрид денеска на сила ќе бидат посебни безбедносни мерки. На булеварот „Туристичка“ и неколку улици во стариот дел на градот, каде ќе минува американската делегација нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. За безбедноста на високиот гостин ќе се грижат поголем број...
Post Views: 6
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган потврди дека неговата земја целосно го отфрла антисемитизмот.
Тој нагласи дека Турција е подготвена и понатаму да посредува во постигнувањето мировен договор меѓу Израел и Палестинците, објавија агенциите.
Турскиот премиер во четвртокот на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, по острата расправа со израелскиот претседател Шимон Перес, нагло ја напушти конференцијата и се врати во Турција.
Ердоган нагласи дека критизирањето на Израел не е антисемитизам, и оти неговата држава ги гарантира сите права и безбедноста на...
Post Views: 13
Наводниот цитат од Мулис, кој го измислил ПЦР методот во 1985 година, а потоа добил Нобелова награда за хемија во 1993 година, не е негов. Тврдењето е земено од текст напишан од Џон Лауритсен во декември 1996 година за ХИВ и СИДА, а не за ковид-19. Лауритсен не вели дека ПЦР тестовите не функционираат, туку појаснува дека идентификуваат супстанци квалитативно, а не квантитативно. Наспроти тврдењето во постот, молекуларните дијагностички тестови, како што е ПЦР тестот, се златен стандард како метод за идентификување активна вирусна инфекција, како што е Сарс Ков 2,...
Post Views: 0
Во рамки на студиската посета на проектот „Зајакнување на малцинствата”, како дел од Еразмус плус програмата, 38 учесници ќе го посетат градот Охрид.
Станува збор за една од трите фази на погоре споменатиот проект, кој е имплементиран од страна на организацијата “ДЕА” од Албанија. Учесниците за време на својата посета ќе имаат можност да се запознаат со работата на повеќе организации од Охридско – Струшкиот регион, поврзана со религиозните, етничките и малцинските теми во Република Северна Македонија.
Средбата ќе се одржи на денес во големата сала на...
Post Views: 1
Иран за првпат лансира сателит во орбитата од сопствено производство.
„Иран го лансира во орбитата својот прв сателит што е нов успех на иранските научници кои работат во услови на санкции“, јави медиумот.
Беше емитувана репортажа за лансирањето на сателитот Омид (надеж) со иранската ракета-носач Сафир.
ОН воведе санкции спрема Иран оти САД и други западни држави сметаат дека Техеран се обидува да произведе нуклеарно оружје.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Дебрца е дом на нашите деца и на нашите предци. Факт е дека се соочуваме со одлив на жители кои мигрираат од село кон град поради што потребни се мудри и стратешки одлуки со кои на граѓаните ќе им ги понудиме истите удобства што би ги имале во градот надополнети со природните убавини кои ги нуди Дебрца, вели Игор Крцоски, кандидат за градоначалник на Дебрца од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Во соработка со месните одбори, ги собравме на едно место сите проблеми и можни решенија и врз основа на нив изградивме приоритетна листа на проекти при што акцент...
Post Views: 1
Портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски, на денес одржаната прес конференција ги обвини владата и градоначалникот дека не се посветени на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО.
„Господине Георгиески Вие можете во Баку или во Париз да идеализирате, но за земја која целта и е Европската Унија мора да започне да се почитува владеењето на правото и законот. Владее законот или урбаната мафија која ја поддржувате?Зарем УНЕСКО треба да Ви каже за дивоградбите за кои се правите дека не ги гледате?Дозволивте пред очи да Ви изградат дивоградби и свесно го пренесувате...
Post Views: 5
Чешка, претседавач со Европската унија (ЕУ), ќе се насочи кон решавање на глобалната економска криза, најави синоќа чешкиот премиер Мирек Тополанек.
Според него, од “животно значење“ за ЕУ е во март, да ги преточи во пракса конкретните решенија за кризата што државите-членки ги усвоија во декември. Тополанек, по заседанието на чешката Влада, изјави дека Самитот на ЕУ на 19 и 20 март, би требало да договори и нови мерки што заеднички би ги преземале државите на ЕУ за да ја надминат кризата. Тие веќе договорија финансиска инјекција за европската економија во висина од...
Post Views: 5
Се очекува богата спортска есен на терените на СРЦ Билјанини извори. Од 5 до 12 октомври на спортските терени ќе се одржи камп на деца од Германски познати фудбалски клубови, а од 18 до 22 ќе се одржи и Балканскиот камп на фудбалери. Се очекува и одржување на државното првенство во бокс. Во тек е пријавување и на охридските компании за учество на баскет турнирот 3 на 3. Пријавувањето на компаниите е до 10 октомври. Минатогодишното искуство од одржувањето на турнирот покажа дека има голем интерес за ваков начин на дружење, а настанот доби не само спортско – забавен...
Post Views: 7
Американскиот претседател Барак Обама дозволи продолжување на „тајните летови“ на Централаната разузнавачка агенција (ЦИА) за префрлање на лица осомничени за тероризам и за терористичка активност на сослушување во трети земји, каде човековите права не се доволно почитувани и каде е можна тортура за изнудување признание, пишува лондонски „Тајмс“.
Според весник, како што јави дописникот на МИА од Лондон, налогот кој е потпишан на 22 јануари е продолжување на правото што ЦИА го доби за време на претходната администрација на доскорешниот претседател Џорџ Буш и во САД и во...
Post Views: 2
Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид со пригоден настан беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на роднокрајниот автор, романсиер и раскажувач Димче Маленко.
-Ретки се моментите кога на некој автор, една генерација му се оддолжува со одбележување на еден век од неговото раѓање. Еве нам ни припадна честа и гордоста тоа денеска да го направиме за нашиот Димче маленко, еден од столбовите на познатата Охридска книжевна школа од Св. Климента преку Прличев па се’ до денес, рече модераторот Милчо Јованоски.
Во присуство на синот и ќерката на Маленко Петар Маленко...