• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Божиновски: Владата и градоначалникот не се посветени на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО

Божиновски: Владата и градоначалникот не се посветени на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО

Портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски, на денес одржаната прес конференција ги обвини владата и градоначалникот дека не се посветени на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО.

 |   | 

Портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски, на денес одржаната прес конференција ги обвини владата и градоначалникот дека не се посветени на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО.

„Господине Георгиески Вие можете во Баку или во Париз да идеализирате, но за земја која целта и е Европската Унија мора да започне да се почитува владеењето на правото и законот. Владее законот или урбаната мафија која ја поддржувате?
Зарем УНЕСКО треба да Ви каже за дивоградбите за кои се правите дека не ги гледате?
Дозволивте пред очи да Ви изградат дивоградби и свесно го пренесувате вниманието на терасите на крајрбрежјето додека низ целиот град граѓаните ги гледаат дивоградбите.
Кој е тој значителен напредок во делот на исполнување на препораките?
На граѓаните веќе им е јасно дека одлуката за мораториум на градба не се почитува, а регистарот на дивоградби сѐ уште не го виделе.
Зошто Студиите за влијание на дивоградбите врз исклучителните универзални вредности на светското наследство се планираат дури во 2021 година кога власта имаше обврска да ја спроведе оваа мерка до декември 2018?“ – кажа Божиновски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top