ОО ЦК започна повторно да прима донации од облека и обувки

Post Views: 6 Хуманите граѓани може повторно да ги доставуваат донациите во просториите на ОО ЦК. По неколкумесечниот прекин заради реновирање на магацинскиот простор е овозможено повторно прифаќање на донациите од хуманите сограѓани, вели Сашо Точков, претсeдател на  од ОО ЦК. „Облеката да е користлива, да не е скината. Граѓаните да не носат отпад од дома секојдневно се среќаваме со такви злоупотреби. Апел до граѓаните да носат облека која е испрана, не мора да е пеглана, но да е употреблива за крајните корисници“, повикува Точков. Луѓето од ранливите групи имаат потреба од помош...

Continue reading

Jerzi Buzek

Балканот да влезе во ЕУ

Post Views: 2 Новоизбраниот претседател на Европскиот парламент (ЕП), Јержи Бузек, од првиот ден на својот мандат се заложи за проширување на ЕУ кон Балканот. „Јас велам дека во Балканот имаме една многу интересна и ветувачка ситуација. Знаеме дека беше еден тежок и експлозивен дел на Европа. Таму веќе немаме тензии и тие земји се обидуваат да станат дел од ЕУ, а тоа претставува добра вест. Го сменивме однесувањето на овие земји и ова треба да продолжи затоа што е многу битно“, изјави Бузек, кој во вторникот беше избран за претседател на ЕП; прво од земја од поранешниот комунистички...

Continue reading

Над 90 % искористеност на оперативниот план за самовработување во земјава

Post Views: 7 Анализите за реализација на оперативниот план за самовработување во земјава покажуваат висока искористеност. Македонските граѓани од една и пол милјарда денари за оваа намена искористиле 94,6 проценти, информира Беким Мурати, директорот на Агенција за вработување. Најголема заинтересираност кај невработените лица имало за мерката самовработување. 1800 лица успеале да отворат нови фирми, да опстојат и да се развиваат. Директорот Мурати, напомена дека и во Охрид има добра искористеност на опертаивниот план за самовработување. Охриѓани истотака, покажале голем интерес за...

Continue reading

Оглас на ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид“ за продажно место-тезги

Post Views: 10 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар. Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен...

Continue reading

samit

ХV Самит на движењето на неврзаните

Post Views: 9 Самит на Движењето на неврзаните, XV по ред, денеска и в четврток, ќе се одржи во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик. Движењето на неврзаните има 118 држави – членки – речиси сите африкански, азиски и латиноамерикански држави, а од европските, полноправно членство има само Белорусија. Македонија за прв пат учествува на самит на неврзаните, а на средбата на врвот во Египет е поканета во својство на гостин. Статус на набљудувачи имаат 16 држави, меѓу кои Хрватска, Кина, Бразил, Мексико, Србија и Босна и Херцеговина (БиХ). Собирот во Шарм ел-Шеик ќе го отвори...

Continue reading

Пецаков и Георгиески во вториот изборен круг за градоначалник на Охрид

Post Views: 2 Кирил Пецаков и Константин Георгиески ќе го трчаат вториот изборен круг за градоначалничката функција во општина Охрид. Предраг Васојевиќ, заменик претседател на ОИК информира дека според нивните неофицијални резултати кои што треба да бидат потврдени од Државната изборна комисија, Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ е во предност од 2.120 гласа пред Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Под број седум за Кирил Пецаков од Вмро Дпмне и Коалицијата „Обнова на Македонија“ има...

Continue reading

Советниците ја прифатија информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Општина Охрид

Post Views: 6 На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, последна за оваа година, советниците ја прифатија информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на општина Охрид. Интегрираниот катастар на загадувачи на животната средина претставува динамичен стратешки документ и како таков, заедно со законската регулатива во оваа област претставува инструмент за одржливо управување со квалитетот на животната средина. Иницијален чекор во процесот на интегрирано управување со животната средина претставува обезбедување на сознанија за емисиите во медиумите...

Continue reading

helikopter

Двајца мртви во пад на хеликоптер во Авганистан

Post Views: 0 Две лица загинаа при уривање на воен хеликоптер во јужната авганистанска покраина Хелманд, каде е во тек воена операција против талибанците, соопштија денеска НАТО и британската војска. Талибанците изјавија дека хеликоптерот „чинук“ го соборила една бунтовничка група, а очевидците наведуваат дека леталото уште во воздух било во пламен. Портпаролот на НАТО изјави дека во несреќата животот го загубиле две лица и дека хеликоптерот превезувал цивили, пренесе Би Би Си. Портпаролот на британските војници во Хелманд, кои влегуваат во составот на силите на НАТО за поддршка...

Continue reading

Наскоро ќе се постави големата бова на пристаништето

Post Views: 4 Големата метална пристанишна бова е откачена под налетот на јужниот ветер кој го зафати езерото во изминатите денови. Бовите имаат голема улога во водната пловидбена сигнализација, вели Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништа на Македонија. „Ќе ја вратиме деновиве бидејќи е потребна за регулирање на водниот особраќај на пристаништето. Имаме бродови и катамарани кои во убавите зимски денови испловуваат на отворено езеро, па ќе биде вратена на постојното место“, информира капетанот Горан Устијаноски. Многу од наутичарите ја почитуваат, но има и такви кои...

Continue reading

Evroparlament

Европскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница

Post Views: 6 Новиот состав на Европскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница во Стразбур. Новиот состав на Европскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница во Стразбур, на која се очекува поранешниот полски премиер Јиржи Бусек да биде избран за нов претседател, по евроизборите, кои се одржаа од 4 до 7 јуни во сите 27 земји-членки на Европската унија. Противкандидат на Бусек за оваа функција му е Швеѓанката Ева-Брит Свенсон од Конфедеративната група на Европската обединета левица – Северна зелена левица. Нејзините шанси да биде избрана за иден претседател...

Continue reading

Пристигнаа првите елени на Галичица

Post Views: 0 Националниот Парк Галичица е во завршна фаза на реализацијата на проект за враќање на елените на Галичица. Новиот репродуктивен центар, со големина од осумдесетина хектари оваа зима ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци) и за таа намена е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници. Проектот, вреден 340.000 евра, траеше 12 месеци и е дел од поголем проект за подобрување со управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и спроведување на мониторинг. Финансиран е...

Continue reading

На пазарот тотална доминација на Facebook

Post Views: 0 Резултатите од истражувањето на компанијата Nomura Research покажале дека мнозинството на корисници на паметни телефони користат само неколку апликации и околу 80% од времето трошат само на три апликации, а тие три се најчесто во сопственост на Facebook.  Информациите за превземање на апликации на iPhone и Android од минатиот месец покажале дека повеќе од 60% му припаѓаат токму на компанијата на Zuckerberg која на оваа листа доминира благодарение на апликациите на Facebook, Messenger, WhatsApp и Instagram. Во истражувањето се заклучува дека корисниците превзеле повеќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top