Европскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница

Новиот состав на Европскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница во Стразбур.

 |  Крсте Голабовски  | 
Evroparlament
Европарламент

Новиот состав на Европскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница во Стразбур.

Новиот состав на Европскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница во Стразбур, на која се очекува поранешниот полски премиер Јиржи Бусек да биде избран за нов претседател, по евроизборите, кои се одржаа од 4 до 7 јуни во сите 27 земји-членки на Европската унија.

Противкандидат на Бусек за оваа функција му е Швеѓанката Ева-Брит Свенсон од Конфедеративната група на Европската обединета левица – Северна зелена левица. Нејзините шанси да биде избрана за иден претседател на европарламентот се минимални.

EvroparlamentЕвропската народна партија, чиј кандидат е Бусек, се договори со социјалдемократите околу распределбата на функциите за петгодишниот мандат на новиот состав на Парламентот, кој брои 785 пратеници.
По изборот на претседател, Европарламентот ќе ги избира 14-те потпретседатели.
Шведскиот премиер Фредерик Рајнфелт утре на европратениците ќе им ја претстави шестмесечната програма на шведското претседалество на ЕУ. Главни приоритети на Шведска се борбата против економската криза, невработеноста и климатските промени.

Во ЕП засега постојат седум фракции од кои најсилна е христијанско-конзервативната Европска народна партија со 265 пратеници, потоа следат Напредниот сојуз на социјалистите и демократите (184), Сојузот на либералите и демократите (84), Зелениот слободен европски сојуз (55), Европските конзервативци и реформисти (30), Обединетата европска левица/нордиска зелена листа (35), Европа на слободата  и демократијата (30).
Дваесет и осум пратеници се надвор од фракциите, а меѓу нив се пред се екстремните десничари.
Најмладиот пратеник е Емили Турунен (1984) од Данска, член на Зелената фракција, а најстар е Италијанецот Чиријако де Мита.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top