Пристигнаа првите елени на Галичица

Во Националниот Парк Галичица пристигнаа првите елени кои се наоѓаат во репродуктивниот центар изграден специјално за оваа намена.

 |   | 

Националниот Парк Галичица е во завршна фаза на реализацијата на проект за враќање на елените на Галичица. Новиот репродуктивен центар, со големина од осумдесетина хектари оваа зима ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци) и за таа намена е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.

Проектот, вреден 340.000 евра, траеше 12 месеци и е дел од поголем проект за подобрување со управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и спроведување на мониторинг. Финансиран е од Европската унија во рамки на „Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја”. Оваа Програма, која опфаќа повеќе проекти низ целата земја изнесува 4,3 милиони евра, а ја спроведуваат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Националниот парк Галичица, во рамки на проектот, со овие активности се грижи и за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија. Репродуктивниот центар и елените ќе се користат исклучиво за активно управување на овие екосистеми, а не како ловиште, информираат од Националниот парк Галичица

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top