Gvantanamo

Оваа година затворот Гвантанамо останува отворен

Post Views: 0 Американскиот министер за правда Ерик Холдер призна дека ќе биде тешко затворот во Гвантанамо на Куба да биде затворен во јануари идната година, како што вети Владата на претседателот Барак Обама. Ќе биде тешко да го испочитуваме определениот рок 22 јануари, рече Холдер во Вашингтон. – Сметам оти најпосле затворот во Гвантанамо ќе биде затворен, додаде министерот.Тој не разјасни какви се пречките за затворање на затворот, во кој што досега се затворени 223 лица. Од нив околу 80 можат да бидат ослободени, а 60 подлежат на судска истрага.Влијателната Асоциација...

Continue reading

Потпишан меморандум за соработка меѓу Националниот Координативен центар за гранично управување и Планинската спасителна служба

Post Views: 0 Националниот координативен центар гранично управување и Службата за спасување на планина потпишаа меморандум за прекугранична соработка. Планинската спасителна служба сега е подговена да делува уште побрзо и поефикасно, кажа Антонио Додевски проект менаџер на проектот Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам. Со потпишување на протоколот за соработка се овозможува 24 часовно делување на спасителната единица при што границата нема да претставува пречка и значително ќе се скрати времето за интервенција, посочува Антонио Додески проект менаџер. „Се водиме...

Continue reading

oruzje

Оруженото насилство во светот зема по 2.000 жртви секој ден

Post Views: 1 Над 2.000 луѓе во светот умираат секој ден во оружено насилство, објавија во ОН 12 организации за заштита на човековите права кои ги повикаа државите-членки да почнат преговори за договор за трговијата со оружје. Во извештајот подготвен по барање на британската група Оксфам, се вели дека откако во 2006 година повеќето влади признале за неопходност од регулација на глобалната трговија со оружје, околу 2,1 милион луѓе загинале во оружено насилство. Тоа значи во просек по 2.000 луѓе на ден или повеќе од еден на секоја минута. Најголемиот број жртви се цивили. Околу 700.000...

Continue reading

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „АНАЛИЗА ЗА ЕКОНОМСКИ ИМПАКТ ВО ТУРИЗМОТ“

Post Views: 2 На ден 14.02.2020 година, петок во 12:00 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи презентација за изработената „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид. Предавачи на темата ќе бидат Проф. Д-р Цветко Андреески и Проф. Д-р Александар Трајков кои ќе зборуваат за значењето на економските влијанија на туризмот во општина Охрид, организацијата на туризмот во Охрид како туристичка дестинација (ДМО-дестинациска менаџмент организација), структурата на потрошувачката во општина Охрид и влијанието врз националниот БДП, анализа на влијанието...

Continue reading

Volkswagen се договори за исплатата на оштетените клиенти

Post Views: 1 Volkswagen се согласи да исплати 10,2 милијарди долари во рамките на договорот со неколку стотици илјади сопственици на автомобили во САД кои поднесоа тужби поради софтверот со кој германскиот автомобилски џин го лажираше нивото на штетни гасови на еко-тестот. На повеќето износот ќе оди за надомест на штетата на сопствениците на 482.000 дволитарски дизел автомобили со вграден софтвер на кои беше лажирано нивото на испуштени штетни гасови. Сопствениците на автомобилите би можеле да добијат оштета од 1.000 до 7.000 долари, во зависност од староста на возилото, пренесуваат...

Continue reading

aerodrom

Дојава за бомба на атинскиот аеродром

Post Views: 2 Евакуирани се патниците на авионот, за кој е пристигната дојава за поставена бомба на аеродромот во Атина.Ова изутрината го јавија грчките гласила, додавајќи дека засега непознато лице се јавило во весникот Елефтеротипија и во телевизиската станица Алтер и само неколку минути пред полетувањето соопштило дека во авионот на Алиталија има поставено бомба. Во авионот што во 7 часот и пет минути требало да полета од аеродромот Елефтериос Венизелос за Рим, имало 185 патници и 7-член екипаж.Патниците се евакуирани на безбедно место, а полицијата го пребарува авионот.Дел од...

Continue reading

Уште две проекции на филмот „Дедо и Внук”

Post Views: 4 Поради зголемениот интерес, останаа уште две проекции на филмот „Дедо и Внук” кои ќе бидат прикажани во н.у “Григор Прличев” –Охрид со почеток во 20ч и тоа на 12-ти и 13-ти февруари. Цена на билет 100 денари Телефон за резервации 046/261-063. Режисер на филмот е Илија Пиперкоски, продуцент е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, а монтажата ја направи Данчо Стефков. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и Наум Цветкоски.

Continue reading

Македонија поставува двојна ограда на границата со Грција

Post Views: 8 Новата ограда треба да биде долга 37 километри. Подготовките за поставување уште една жичена ограда во близина на веќе постоечката почнаа во саботата, а работите стартуваа во текот на вчерашниот ден. Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера биле регистрирани повеќе од 2800 бегалци и мигранти кои се на пат за север, во насока на Австрија и Германија. Во моментов се поставуваат столбовите и оградениот простор изнесува до 5 метри, за да помина патролно возило, а според одлуката на надлежните институции ќе се знае колку оградата ќе биде висока. Овие...

Continue reading

IMF

Шпанија го кредитира ММФ

Post Views: 1 Шпанија му одобри заем на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од четири милијарди евра, како дел од  помошта што Европската унија (ЕУ) му ја вети на фондот. Договорот меѓу Шпанија и ММФ беше потпишан синоќа во Истанбул, каде што се одржува годишната сесија на светската финансиска институција. Шпанија е седма држава во светот, односно четврта во ЕУ, која што потпиша ваков документ со ММФ. Претходно Велика Британија и Германија одобрија по 15 милијарди евра заем за ММФ, а Франција одобри 11 милијарди евра. {loadposition content9}

Continue reading

Крадците кои „оперирале“ кај „Лагадин“ и „Елешец“ заработија кривични

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид за сторени две казнени дела „прикривање“ и две казнени дела „помагање“. Тешките кражби, едниот од пријавените ги сторил во периодот ноември-декември 2019 година, од повеќе викенд куќи во охридските населби „Лагадин“ и „Елешец“, каде влегувал насилно користејќи подесен алат и прибор. Притоа одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети кои потоа, второ пријавениот ги транспортирал и сокривал во својот...

Continue reading

logo

Утре започнува „Струшка музичка есен“

Post Views: 7 Сојузот на композиторите на Македонија, годинава во Струга ќе ја организира јубилејната 40 Струшка Музичка Есен, која ќе се одржи од 04-06 септември во хотел Дрим, Струга. – Цели четири децении „Струшка музичка есен“ нуди можност за средба, размена на идеи и дебати на актуелни теми кои ја преокупираат македонската музичка јавност. Оваа година одлучивме целото издание на манифестацијата да и го посветиме токму на неа самата. Темата која ќе ги обединува трудовите презентирани во Струга ја насловивме како Мемоари и перспективи, велат организаторите. Политиката на меморирање...

Continue reading

Andreas Papandreu

Победа на ПАСОК, оставка на Караманлис

Post Views: 0 Грчкиот премиер Костас Караманлис доцна синоќа поднесе оставка на местото претседател на Нова Демократија, откако неговата партија постигна најлош резултат на избори од своето формирање во 1974 година. Караманлис претходно во телефонски разговор со својот најголем ривал претседателот на ПАСОК Јоргос Папандреу го призна поразот на својата партија, која беше на власт во последните пет години. Според резултатите врз основа на 40 насто од преброените гласачки ливчиња на вонредните парламентарни избори што се одржаа во неделата социјалистите освоија 43,7 насто од гласовите,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top