Утре започнува „Струшка музичка есен“

Сојузот на композиторите на Македонија, годинава во Струга ќе ја организира јубилејната 40 Струшка Музичка Есен, која ќе се одржи од 04-06 септември во хотел Дрим, Струга.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Сојузот на композиторите на Македонија, годинава во Струга ќе ја организира јубилејната 40 Струшка Музичка Есен, која ќе се одржи од 04-06 септември во хотел Дрим, Струга.

– Цели четири децении „Струшка музичка есен“ нуди можност за средба, размена на идеи и дебати на актуелни теми кои ја преокупираат македонската музичка јавност. Оваа година одлучивме целото издание на манифестацијата да и го посветиме токму на неа самата. Темата која ќе ги обединува трудовите презентирани во Струга ја насловивме како Мемоари и перспективи, велат организаторите.

logoПолитиката на меморирање во едно општество директно ги одразува актуелните политички и идеолошки интереси во него. Меморијализацијата како процес се креира со јасна намера, да, на едно видување на историјата, во нашиот случај на музичката историја на Македонија, му се даде легитимитет, да му се отвори можност за себе-интерпретација. Целта на анализата на процесите на меморирање и меморијализација на одреден настан, простор, време или личности, е, тие понатаму да се вклопат и да станат дел од колективната меморија и националното сеќавање. Со таа намера и Сојузот на композиторите на Македонија за годинешнава СМЕ ја предложи темата Меморија и Перспективи.

Селекторот на годинешнава СМЕ м-р Ивона Опетческа Татарчевска, избра 30 тина трудови на научници кои имаат намера претстојниов викенд во Струга да презентираат свои трудови од областа на македонската продуктивна и репродуктивна музика и танц, како трудови кои дават историска перспектива на настаните и личностите кои досега ја обликуваа Струшката Музичка Есен како единствена концепција на музичко – научна манифестација кај нас.

Како и секоја година, Струшка музичка есен и годинава ќе одбележи јубилеи на значајни македонски композитори. И тоа:

Стефан Гајдов – 110 од раѓање

Панче Пешев – 100 години од раѓање

Кирил Македонски – 90 од раѓање

Властимир Николовски – 90 од раѓање

Томе Манчев – 65 од раѓање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top