Post Views: 2
Словенија од полноќ повторно во целост го применува Шенгенскиот договор на својата граница со Хрватска, јавува словенечката агенција СТА.
Агенцијата додава дека тоа е во согласност со затворањето на договорот за балканската мигрантска рута, кој беше постигнат на самитот ЕУ – Турција во понеделникот.
Словенечката полиција им дозволува влез во земјата само на странците со валидни патни исправи, потоа на лицата кои ќе изразат желба да побараат меѓународна заштита и на поединците на кои им е потребен хуманитарен третман.
Словенечкиот премиер Миро Церар по самитот во Брисел...
Post Views: 7
Околу 150 луѓе се евакуирани од нивните домови откако голем пожар зафати станбен блок во јужен Лондон рано изутрината в четврток, пренесуваат агенциите.
Лондонската противпожарна служба соопшти дека голем број пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот во Пекам, југоисточен Лондон, каде се испратени околу 20 противпожарни возила. Во моментот нема информации за настрадани, а само еден човек добил медицинска помош заради вдишување на чад.
Се претпоставува дека пожарот избил во самата зграда. Локалните жители тврдат дека ги разбудила силна експлозија.
{loadposition...
Post Views: 1
Директорката на Н.У Охридско лето, Наташа Поповиќ, преку писмена реакција до медиумите во целост ги отфрла обвинувањата изнесени на денешната прес конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ.
Јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии на Република Северна Македонија за вработувањата за кои обвинувате. Постапката е целосно законска, започната во 2019 година со добиена согласност за истата. Во овој изминат период се чекаше уважување на согласноста за 2020. Од друга страна не се работи за никакви партиски вработувања,...
Post Views: 8
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(31), Д.Д.(18) двајцата од струшкото село Франгово како и против Ш.М.(20) од селото Радолишта.
На 17 овој месец, пријавените биле затекнати во бесправна сеча на букови дрва во шумски терен кај местото Гропа во атарот на струшкото село Франгово. Полициските службеници како и шумскиот полицаец констатирале дека пријавените на туѓ имот неовластено пресекле околу 40 стебла букови дрва кои веднаш потоа ги префрлиле на соседна локација...
Post Views: 1
Околу 2,5 милиони муслимани во среда го започнаа својот аџилак во светиот град Мека во Саудиска Арабија.
Според Куранот, обврска на секој верник е еднаш во животот да отиде на аџилак, каде верниците го поминуваат денот во молитви кон Алах и читање фрагменти од светата книга.
Властите во Ријад оваа година спроведуваат засилени мерки на безбедност за што се ангажирани 50 илјади војници и полицајци.
За време на аџилакот во стампедо секоја година гинат по неколку стотици верници за време на изведување на ритуалот “каменување на ѓаволот” кога се создава огромна мешаница.
Минатата...
Post Views: 2
Разни видови отпад се растовараат и се затрупува шумата на ридот Чекоштина. Со тоа продолжува да се загадува природата и животната средина во овој пригардски дел од градот каде што живеат околу 100 тина семејства . До загaдувачите не допираат поставените табли со натписи кои укажуваат на еколошката свест до несовесните кои се ослободуваат од отпадот на крајно несоодветни места како што е шумата, вели екологистот Ванчо Стојаноски.
„Инспекторите многу добро знаат како ефикасно и ефтино да го решат проблемот. Со поставување на мала камера која ќе следи 24 часа. Денес има...
Post Views: 1
Американскиот информатички гигант „Епл“ во четвртото тромесечие од фискалната 2009 година оствари приход од 9,87 милијарди долари и нето добивка од 1,67 милијарди, односно 1,82 долар по корегирана акција.
Во истото тромесечие претходната фискална година остварен е приход од 7,9 милијарди долари и нето добивка од 1,14 милијарди долари или 1,26 долари по корегирана акција. Бруто маржата достигнала 36,6 отсто, што претставува пораст во однос на минатогодишното тромесечие кога изнесувала 34,7 отсто.
Меѓународната продажба претставувала 46 отсто од приходот на „Епл“ во четвртото...
Post Views: 11
Северна Кореја лансираше балистичка ракета во морето во близина на нејзиниот источен брег, соопштија воените сили на Јапонија и Јужна Кореја. Лансирањето рано наутро на 11 јануари се случи кога Советот за безбедност на ОН се состана во Њујорк за да разговара за минатонеделното тестирање на она што Пјонгјанг го нарече хиперсонична ракета. Јужнокорејските воени претставници се сомневаат дали нивниот северен сосед вооружен со нуклеарно оружје навистина лансирал хиперсонична ракета, велејќи дека ваквите тврдења се „претерани“.
Шест земји во Советот за безбедност на ОН,...
Post Views: 2
Иако сме месец март вработените во Националната установа „Охридско лето“ сѐ уште не зеле плата за месец јануари. Директорката Наташа Поповиќ да објасни зошто вработените во НУ „Охридско лето“ се доведени во таква ситуација?, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски. „Дали неисплатената плата е поради новите предизборни вработувања токму во јануари оваа година? Зошто Директорката незаконски објавува оглас и покрај негативното мислење дадено за установата за годишниот план за вработувања за 2019 година?“ – рече Божиновски.Божиновски...
Post Views: 2
Вонредна состојба е прогласена во вторник во две јужни покраини на Филипините, откако вооружена група во напад на изборен караван уби најмалку 24 лица.
Вонредната состојба ја прогласи претседателката Глорија Аројо, а ќе остане на сила се додека во овие региони повторно не биде воспоставен законот и редот.
„Никој нема да биде недопирлив“, изјави портпаролот на претседателката Серхе Ремонде, при тоа додавајќи дека ќе бидат уапсени сите одговорни за најлошиот масакр.
Група од 100 вооружени лица нападнаа во понеделник изборен караван од околу 40 лица, при што биле убиени...
Post Views: 2
Над 120 охриѓани ја примиле третата доза на вакцина по препорака на Националната комисија за имунизација, информира д-р Соња Мариноска, раководител на Службата за здравствена заштита на деца и младинци. Бустер доза може да примат граѓаните кои пред три месеци се имунизирале со кинеските вакцини, а по шест месеци лицата кои примиле вакцини на Спутник, Фајзер и Астра Зенека. На трета доза со вакцината Фајзер се одлучиле граѓани над 50 години, а меѓу нив има лица од различни професии меѓу кои и вработени во образование и здравство. Оваа бројка на имунизирани лица постојано...
Post Views: 2
Охридските ракометари, утре започнуваат со натпреварите во вториот дел на сезоната во македонската суперлига. Дерби средбата против Бутел Скопје ќе ја имаат на гостински терен со почеток во 19 часот. Голманаот на РК Охрид, Јагош Брауновиќ вели дека иако и двете екипи имаат обезбедено учество во плеј офот, гладијаторите одат на победа.
„Не очекува еден, резултатски не многу важен натпревар против Бутел со оглед дека и ние и тие имаме обезбедно пласман во плеј оф. Но секако дека се работи за една квалитетна екипа со многу искусни играчи и се разбира дека ние ќе направиме...