Северна Кореја лансираше нова балистичка ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета во морето во близина на нејзиниот источен брег, соопштија воените сили на Јапонија и Јужна Кореја. Лансирањето рано наутро на 11 јануари се случи кога Советот за безбедност на ОН се состана во Њујорк за да разговара за минатонеделното тестирање на она што Пјонгјанг го нарече хиперсонична ракета.

 |   | 

Северна Кореја лансираше балистичка ракета во морето во близина на нејзиниот источен брег, соопштија воените сили на Јапонија и Јужна Кореја. Лансирањето рано наутро на 11 јануари се случи кога Советот за безбедност на ОН се состана во Њујорк за да разговара за минатонеделното тестирање на она што Пјонгјанг го нарече хиперсонична ракета. Јужнокорејските воени претставници се сомневаат дали нивниот северен сосед вооружен со нуклеарно оружје навистина лансирал хиперсонична ракета, велејќи дека ваквите тврдења се „претерани“.

Шест земји во Советот за безбедност на ОН, вклучувајќи ги Соединетите Држави и Јапонија, на 10 јануари ја повикаа Северна Кореја да се воздржи од понатамошни дестабилизирачки дејства и да се вклучи во значаен дијалог за целосна денуклеаризација. Во 2021 година, Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала нов тип на балистичка ракета лансирана од подморница, оружје лансирано од воз и како што наведе, хиперсонична боева глава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top