Божиновски: Вработените во НУ„Охридско лето“ не зеле плата за јануари

Откако СДСМ ја девалвира културата сега гази и го злоупотребува трудот на вработените во културата, обвинуваат од Ок на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Партискиот портпарол денеска на прес конференција кажа дека на вработените во НУ Охридско лето  уште не им е исплатена јануарската плата.  СДСМ секојдневно лицемерно зборува за плати и финансиски средства, а без ни малку совест ги остава граѓаните без основната егзистенција за живот, рече портпаролот Божиновски.

 |   | 


Иако сме месец март вработените во Националната установа „Охридско лето“ сѐ уште не зеле плата за месец јануари. Директорката Наташа Поповиќ да објасни зошто вработените во НУ „Охридско лето“ се доведени во таква ситуација?, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
„Дали неисплатената плата е поради новите предизборни вработувања токму во јануари оваа година? Зошто Директорката незаконски објавува оглас и покрај негативното мислење дадено за установата за годишниот план за вработувања за 2019 година?“ – рече Божиновски.
Божиновски јавно праша дали директорката на установата има обезбедено согласност од Министерството за финансии за 2020 година. Тој додаде дека раководството на установата очигледно не размислило дека новите вработувања ќе значат дополнителни оптеретувања на буџетот, па затоа сега имало проблеми во исплаќањето на платите.
„Дали директорката свесно го прекршила законот и е сторено кривично дело со што го оштетила буџетот, а за кое ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе соодветни мерки до надлежните органи“, рече Божиновски.
Новите вработувања не се никаква нужност и потреба, туку единствено алатка за поткуп на гласачи за предвремените парламентарни избори, обвинуваат од Ок на ВМРО ДПМНЕ. Крајната распуштеност на функционерите на СДСМ удира директно по буџетот и граѓаните, рече портпаролот Божиновски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top