Почнува аџилакот во Мека

Околу 2,5 милиони муслимани во среда го започнаа својот аџилак во светиот град Мека во Саудиска Арабија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Meca
Мека

Околу 2,5 милиони муслимани во среда го започнаа својот аџилак во светиот град Мека во Саудиска Арабија.

MecaСпоред Куранот, обврска на секој верник е еднаш во животот да отиде на аџилак, каде верниците го поминуваат денот во молитви кон Алах и читање фрагменти од светата книга.

Властите во Ријад оваа година спроведуваат засилени мерки на безбедност за што се ангажирани 50 илјади војници и полицајци.

За време на аџилакот во стампедо секоја година гинат по неколку стотици верници за време на изведување на ритуалот “каменување на ѓаволот” кога се создава огромна мешаница.

Минатата година загинаа 400 аџии, а повеќе од 300 беа повредени.

Оваа година дополнителен проблем за аџиите е и свинскиот грип кој сепак не ги одврати  од намерата да го посетат светиот град.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top