Пецаков: Проекти за светла иднина во Воска, Далјан, 15 Корпус и Железничка

Post Views: 3 Гарантираме проекти за нова и светла иднина во населбите Воска, Далјан, 15 Корпус и Железничка, се вели во денешното соопштение на кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков. За жителите во населбите Воска и Далјан: Реконструкција на ПОУ„Св. Климент Охридски” и партерно уредување, изградба и реконструкција на современо детско игралиште, реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан, партерно уредување на зелениот простор кај стадионот Грашница, партерно уредување на речното корито на река Грашница. Во населба 15 Корпус: Асфалтирање на краци на улиците „15ти Корпус“,...

Continue reading

Започна со работа реновираниот Тинекс маркет во ТЦ Трудбеник

Post Views: 5 Повторно е отворен реновираниот Tinex маркет во Охрид, кој се наоѓа во склоп на  ТЦ „Трудбеник“. Денеска маркетот ги прими првите муштери во новиот модерен амбиент со запазување на сите препораки од здравствените власти како потсетување на потрошувачите за задолжително носење маски и средство за дезинфекција на влезот, обележани растојанија од 2 метри со лепенки на подот и заштитени вработени.   „По повод повторното отворање на реновираниот маркет направивме ексклузивни акции , големи попусти и промоции кои важат само за овој маркет. Ги повикуваме жителите на Охрид...

Continue reading

papa

Американец ги тужи Папата и Ватикан

Post Views: 0 Американец кој тврди дека како дете бил сексуално злоставуван од католички свештеник, поднесе тужба против Папата Бенедикт Шеснаесетти и високи претставници во Ватикан Мажот од државата Висконсин ја обвинува Католичката црква дека не ги заштитила децата од свештеникот за кого знаела дека е педофил. Името на мажот не е објавено, и тој тврди дека бил сексуално злоставуван од Лоренс Марфи, додека учел во гимназија за глувонеми. Тој во тужбата наведува Ватикан да симне тајна од доверливи документи за сексуални злоставувања од свештеници. Марфи предавал во гимназијата за...

Continue reading

Во време на пандемија сите биеме своја битка, вели психологот Калина Сотироска Иваноска

Post Views: 1 Соочени сме пред бројни предизвици во време на пандемијата и секој ја бие својата битка во справување со реалните стравови и грижи, вели психологот Калина Сотироска Иваноска за времето кое го живееме денес. Секоја генерација се бори со специфични препреки со кои коронавирусот не помести од вообичаениот конфор на живеење. Прашање е како да се одржи доброто расположение, вели психологот. Препорката е покрај насочување кон активности кои може да си ги дозволиме во ова време на пандемија да се посвети внимение и на правилниот начин на исхрана, на одржување на хигиена, но...

Continue reading

den zemja

Мајката Земја е под притисок

Post Views: 2 На официјалната Интернет страница на Денот на планетата наведено е дека светот денеска е во поголема опасност отколку некогаш, кога е во прашање сочувување на животната средина, а дека денешното одбележување е прилика на поединци, корпорации и владите да се здружат за подобрување на состојба во таа област. Денот на планетата Земја, Обединетите нации го прогласија пред 40 години за ден посветен на борба против загрозувањето на животната средина, а тогаш повеќе од 200.000 луѓе во светот учествуваа во масовни протести за заштита на животната средина. Во многу земји во светот,...

Continue reading

Следната недела започнува скрининг тестирање за коронавирус

Post Views: 2 Ќе се опфатат лицата за коишто се смета дека се во критични категории како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижувањена стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација. Скринингот ќе се прави со PCR тестови и ќе овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови. Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови...

Continue reading

Ердоган издаде потерница по фудбалската легенда на Турција

Post Views: 6 Турција издаде потерница по поранешната фудбалска ѕвезда Хакан Шукур во рамките на истрагата за обидот за државен удар, објавија странските медиуми. Турските власти го поврзуваат Хакан Шукур со Фејтулах Ѓулен кој се наоѓа во егзил во САД, а Турција го бара бидејќи го смета за одговорен за неуспешниот пуч на 15 јули. Шукур (44), екс меѓународната фудбалска ѕвезда и икона во својата земја е обвинет дека е член на “вооружена терористичка група”, а притоа се мисли, вели агенцијата AFP, на организацијата на Ѓулен. Медиумите додаваат дека потерницата е издадена и по неговиот...

Continue reading

Berluskoni

Берлускони обвинет за сквернавење

Post Views: 0 Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е обвинет за сквернавење, откако доби причест за време на погреб во Милано, пишуваат денеска весниците „Тајмс“ и „Дејли телеграф“ Според црковните правила Берлускони нема право на причест затоа што е разведен, без Ватикан да му го поништи првиот брак, и затоа што во моментов се разведува по втор пат, потсетуваат весниците. За својата втора сопруга Берлускони се ожени со граѓанска церемонија затоа што Ватикан не му го поништи првиот брак. На погребот на Рејмондо Вианело, ветеран на италијанските телевизиски шоу програми, Берлускони...

Continue reading

Продолжува вековната традиција со литијата на Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец

Post Views: 1 Во Струга, на 7 мај ќе се одржи древната струшка Еордија или литија со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец. Традицијата ќе продолжи и во вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, но во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, информира отец Васко Голабоски старешина на храмот Св. Георги во Струга. „Литијата ќе биде составена од свештени лица, монаси и митропoлитот Тимотеј, која даде се од себе да ги запaзиме државните уредби и закони, а од друга страна да остане традицијата. Не e страшно што ќе биде...

Continue reading

Од 1 јули поскапуваат цигарите

Post Views: 1 Почнувајќи од петок сите пушачи ќе плаќаат три денари плус за кутија поради поскапената акциза на тутунот.Последниот пат цигарите поскапеа во февруари, кога пушачите беа принудени да плаќаат пет денари повеќе за кутија.За годинава ова ќе биде последен раст на цената на цигарите, но веќе од следната година цената ќе поскапува драстично со што за осум години кутијата цигари која денес чини 120 денари, тогаш ќе чини 154 денари.Од наредниот 1 јули, цигарите секоја година ќе поскапуваат по четири денари за кутија.

Continue reading

south park

Авторите на „ Саут парк“ под закани

Post Views: 5 Американски исламисти ги предупредија двајцата автори на анимираната серија „ Саут парк“ дека им се заканува смрт поради, како што тврдат, навредливиот начин на кој во љубилејната 200-та епизода го прикажале пророкот Мухамед Како што пренесуваат американските медиуми, на Интернет сајтот на организацијата која се нарекува „ Муслиманска револуција“, а чие седиште е во САД, Треј Паркер и Мет Стоун се предупредуваат дека ги чека судбината на холандскиот режисер Тео Ван Гопг, кого во 2004 година на улица во Амстердам го убија исламски екстремисти. На сајтот, кој е познат...

Continue reading

Во текот на изминатото деноноќие 25 лица не ја почитувале забраната за движење

Post Views: 7 Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (04/05.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 25 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top