• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Продолжува вековната традиција со литијата на Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец

Продолжува вековната традиција со литијата на Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец

 Овој пат прославата на Ѓурѓовден ќе биде со редуцирано присуство на духовни лица и граѓани. Препорaката на свештенството е при одржување на традицијата да се почитуваат законските уредби во вонредни услови.  

 |  Валентина Неловска  | 

Во Струга, на 7 мај ќе се одржи древната струшка Еордија или литија со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец. Традицијата ќе продолжи и во вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, но во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, информира отец Васко Голабоски старешина на храмот Св. Георги во Струга.

„Литијата ќе биде составена од свештени лица, монаси и митропoлитот Тимотеј, која даде се од себе да ги запaзиме државните уредби и закони, а од друга страна да остане традицијата. Не e страшно што ќе биде редуциран бројот на народот. Ние ја зачувувме нашата духовна традиција со литијата, а народот може да учествува на начин кој му е најпригоден без поголеми собири и да ги пречека моштите“, вели отец Голабоски.

Годинава Литијата ќе биде составена само од дел од локалното свештенство и помал број на монаси од Бигориски манастир и сестринството од Рајчица. Локалното население ќе може да ја проследи само од тротоарите. Отец Голабоски упатува апел до верниците кои сакаат да бидат дел од црковното одбележување на Ѓурѓовден кој е заштитник на градот.

Апсолутно да се испочитуваат државните регулативи, а од духовен аспект секој може д а го живее во себе во срцето преку молитва и жива вера поклонувајќи се на моштите на Св. Георги од дистанца. Да се испочитува редоследот на државните уредби“, повикува отецот.

Моштите на светецот Св Георги Победоносец ќе бидат донесени од Манастирот во Рајчица како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска и на Христос Архиереј од Манастирот Пречиста од Кичево. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и дел од локалното свештенство, ќе ја отслужат традиционалната ктиторска вечерна литургија со панихида за покојните ктитори и градители на храмот СВ Георги. Богослужбата ќе почне во 16 часот, а литијата ќе се движи низ централните делови од градот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top