Пецаков: Проекти за светла иднина во Воска, Далјан, 15 Корпус и Железничка

Гарантираме проекти за нова и светла иднина во населбите Воска, Далјан, 15 Корпус и Железничка, се вели во денешното соопштение на кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков.

 |   | 

Гарантираме проекти за нова и светла иднина во населбите Воска, Далјан, 15 Корпус и Железничка, се вели во денешното соопштение на кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков.

За жителите во населбите Воска и Далјан:

Реконструкција на ПОУ„Св. Климент Охридски” и партерно уредување, изградба и реконструкција на современо детско игралиште, реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан, партерно уредување на зелениот простор кај стадионот Грашница, партерно уредување на речното корито на река Грашница.

Во населба 15 Корпус:

Асфалтирање на краци на улиците „15ти Корпус“, „Ирина Мирка Гинова“, „Александар Турунџев“, „Кленоец“ и  „Веле Марков“, поставување на забавувачи на брзина на ул. „Кленоец“, партерно уредување на коритото на река Сушица.

За населба Железничка:

Изградба и реконструкција на современо детско игралиште, изградба и реконструкција на атмосферска канализација на улиците „Будва“ и „Прилепска“, промена на водоводна мрежа на улиците „Винковачка“ и „Крали Марко“, асфалтирање и реконструкција на улиците „Будва“, „Прилепска“ и „Винковачка“.

Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков! На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина! – се додава во соопштението на Кирил Пецаков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top