Post Views: 10
Иранската актерка Марзиех Вафамехр е осудена на една година затвор и 90 удари со камшик заради улога во филм кој говори за ограничување на уметничката слобода во таа земја. За казната на актерката, опозицијата ја информираше јавноста на својата Интернет страна.
“Изречена е пресуда за Марзиеџ Вафамехр, која е осудена на една година затвор и 90 удари со камшик“, објавил Kalameh.com.
Актерката е уапсена во јули по ангажманот во филмот “Мојот Техеран на продажба“ кој наишол на остри реакции во конзервативните кругови.
Филмот, кој е снимен во соработка со Австралија,...
Post Views: 2
Последниве неколку години се бележи одреден напредок во поглед на родовата еднаквост, но сè уште сме далеку од европската слика на ова поле. Иако се прават чекори за поголема вклученост на жените во политичкиот живот на локално и на национално ниво, сепак тоа не е доволно.
Забележливо е, на пример, дека на советничките листи во Југозападниот регион жените се застапени најчесто во законските квоти, но поретко се носители на листата. Се добива впечаток како лидерството природно да им припаѓа на мажите. Три децении од осамостојувањето до денес, во општините во Југозападниот...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (20/21.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 501 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Post Views: 2
Германскиот принц Фредерик фон Анхалт ќе се кандидира за градоначалник на Лос Анџелес. Изборните шанси се минимални, но затоа медиумското внимание е огромно. А тоа најверојатно е целта на кампањата која ја води сопругот на слвната Заза Габор, пишува “Дојче Веле“.Од огромниот предизборен плакат 68- годишниот принц самоуверено ги гледа граѓаните на Лос Анџелес. Истовремено им сугерира дека е вистинскиот кандидат за градоначалник на милионската метропола.
Фредерик фон Анхалт верува дека на изборите кои ќе се одржат во 2013 година ќе има добри шанси.
“Јас веќе 27 години...
Post Views: 0
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со извонреден настап на членовите на Здружението на џез музичари на Македонија- Колектив со гудачи.
Премиерниот концерт под ѕвезденото небо над сцената „Долни Сарај“ и пред публиката која го исполни и последното место од гледалиштето го изведоа 23 врвни македонски музички уметници под диригентската палка на маестро Емин Џијан.
-Ова е втор настап на Здружението на џез музичари на „Охридско лето“. Претходниот пат одржавме целовечерен концерт во 2017 година со „Биг бенд“, бендот на Здружението. Годинава...
Post Views: 9
“Потсетувањето себеси дека ќе умреш е најдобар начин да престанеш да мислиш дека имаш нешто да загубиш”Стив Џобс, во говорот пред студентите на Стенфорд, 2005.Персонален компјутер, телефон, таблет и емпетри плеер, не е лошо за една компанија а камоли па за еден човек.
Во 2004-та, Џобс објави дека страда од рак на панкреасот. Во јануари годинава зема боледување, за во август да поднесе оставка на првата позиција во Епл. На неговото место дојде Тим Кук, долгогодишен заменик на Џобс.
“Брилијантноста, пасијата и енергијата на Стив беа извор на безброј изуми...
Post Views: 13
Промовирани три книги од Проф д-р Павле Митрески. Станува збор за делата „Михајло Идворски Пупин од Вевчани до Идвор“, четврти дел „Студии за охридско – струшкиот регион“ и втор дел „Српски документи од 1890 до 1940 година“ кои содржат значајни историски факти од нашата понова историја. Секоја наука нема дно, нема крај, треба да се истражува. Тоа се покажа и во случајот со моите истражувања поврзани за Михајло Пупин Идворски, вели неуморниот научен работник и историчар. Проф. д-р Митрески во 88-та година од животот пишува и твори оставајќи во наследство на идните...
Post Views: 4
Иконата на шеесетите и еден од најпознатите кант-автори од втората половина на минатиот век е во трката за Нобелова награда.
Помеѓу фаворитите го внесоа шпекулациите на обложувачите, иако шансите дека ќе ја добие наградата се 11:1.
Засега Дилан е на четвртото место помеѓу фаворитите: сирискиот поет Али Ахмад Саид Асбар, Швеѓанецот – Томас Транстромер и Јапонецот – Харуки Мураками.
Добитникот на Нобеловата награда вредна 1.4 милиони долари ќе биде соопштен во Стокхолм – в четврток.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Младиот музичар, охриѓанецот Ѓорѓи Петровски со голем успех ја гради својата виолинистичка кариера на светските музички сцени. Тој ќе настапува на Фестивалот Охридско лето на 21 август, в петок, со Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. Петровски на концертот ќе свири на виолина Томазо Каркаси која датира од 1751 година. Пред гостувањето на Фестивалот Охридско лето, Петровски ги сподели чувствата како е да се свири на свој терен и на еден инструмент стар 3 века. Раритетната виолина е сон за секој врвен музичар, а Петровски раскажува како Швајцарска фондација...
Post Views: 1
Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуродизел (Д-ЕV) изнесува 54,0 денари за литар. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 исто така се зголемени – 67 односно 69,0 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така е зголемена за 1,5 денари и сега изнесува 42,5 денар за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,794 денари за килограм е зголемена и малопродажната цена на мазутот М-1 НС која сега изнесува 28,292 денари за килограм.
Со одлуката е извршено зголемување на рафинериските и на малопродажните...
Post Views: 1
Пратениците во Мексико нудат можност на новите млади брачни парови да не се обврзуваат на заклетвата “Додека смртта не не раздели”, туку да можат да добијат дозвола за потпишување на договор со кој можат да бидат две години брак, известува Ројтерс. Левичарите во Владата предложиле реформата на граѓанското право, што би им овозможило на паровите сами да одлучат колку долго би биле во брак.Ние предлагаме паровите кои сакаат да се венчаат да можат да потпишат договор на две години, и во случај бракот да не функционира, да можат лесно без големи судски разврски да го прекинат,...
Post Views: 2
Согласно определбата и заложбите на ВМРО Народна партија од Охрид за одржлив економски развој на Општина Охрид и нашите најави за реализација на овај проект наназад, ВМРО Народна партија поднесува иницијатива за изградба на Музеј на Езерото.
Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство од флора и фауна поседува Охридското Езеро.
Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти...