Еден живот добро потрошен – еден свет сосема поинаков

“Потсетувањето себеси дека ќе умреш е најдобар начин да престанеш да мислиш дека имаш нешто да загубиш” – Стив Џобс, во говорот пред студентите на Стенфорд, 2005.

 |   | 
Jobs
Стив Џобс

“Потсетувањето себеси дека ќе умреш е најдобар начин да престанеш да мислиш дека имаш нешто да загубиш”
Стив Џобс, во говорот пред студентите на Стенфорд, 2005.
Jobs
Персонален компјутер, телефон, таблет и емпетри плеер, не е лошо за една компанија а камоли па за еден човек.

Во 2004-та, Џобс објави дека страда од рак на панкреасот. Во јануари годинава зема боледување, за во август да поднесе оставка на првата позиција во Епл. На неговото место дојде Тим Кук, долгогодишен заменик на Џобс.

“Брилијантноста, пасијата и енергијата на Стив беа извор на безброј изуми кои ги збогатија и подобрија нашите животи. Светот е немерливо подобар заради Стив,” стои во изјавата на Епл.
Jobs
Инаку, откако ја основа во 70-те години од минатиот век, во 90-те Џобс беше избркан од компанијата, за пред почетокот на новиот век да се врати во Епл и со тек на време да го направи една од најбогатите компании во светот.

Сегашната пазарна вредност на Епл изнесува 351 милијарда долари и само нафтениот гигант Ексон Мобил вреди повеќе.

Инаку, Џобс се ожени со Лорен Пауел во 1991-ва и имаше 3 деца. Џобс исто така имаше ќерка од претходна врска, а дури како возрасен дозна дека има биолошка сестра, американската писателка Мона Симпсон.
Jobs
“Стив почина мирно, опкружен од своето семејство. Јавноста го знаеше како визионер а во приватниот живот тој беше човек кој и пружаше многу љубов на фамилијата”, гласела кратката изјава на неговите најблиски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top