Post Views: 3
Штрајкот на вработените во образованието и културата продолжува денеска, и покрај притисоците за кои во понеделникот информираше Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).
Според СОНК. во првиот ден од штрајкот учествувале од 95 до 97 отсто од засегнатите институции, а врз некои училишта е вршен силен притисок од директори, но и од повисоко ниво.
Најголем дел од училиштата кои не учествувале во штрајкот се од општините Ѓорче Петров, Карпош, нешто помал дел од училиштата во општина Гази Баба и по некое училиште во неколку други општини.
Според претседателот на...
Post Views: 0
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто.
Од 16.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,00 (денари/литар)
Масло за...
Post Views: 0
Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2020 година. Пренасочени се финансиски средства во справувањето со здравствената криза и за помош на домашната економија, информираше Душко Арсовски, портпаролот на Владата на Република Македонија.
„Пренасочени се средства за да се обезбедат на време вакцини, лекови и за зајакнување на здравствените капацитети. 470 милиони евра се издвоени за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за економско заздравување и одржливост на домашната економија и за зачувување на работните места“.
Со четвртиот сет мерки на владата ќе обезбедат...
Post Views: 5
Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихеровата скала го погоди северозападен Пакистан, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Потресот, кој бил на длабочина од десет километри е регистриран изутринава во 6:57 часот според Гринич, на 140 километри од Сиалкот.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата денеска стапија во генерален штрајк.
Наставниците во градинките и училиштата се на своите работни места и ги прифаќаат децата и учениците, но не извршуваат образовно-воспитна функција.
„Штрајкот секаде почна. Има пет-шест исклучоци каде што штрајкот не е почнат, поради притисоци од директори или од градоначалници, изјави Дојчин Цветановски“, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК, организаторот на штрајкот.
Тој додаде дека се уште ги собираат податоците...
Post Views: 1
Од ВМРО ДПМНЕ бараат од градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во ЈП „Водовод“ Охрид која е на дневен ред на Седница на совет закажана за во понеделник, 9 ноември. 18те нови вработувања според претседателот на ОК на партијата, Сашо Донев не се оправдани.
„Во услови на КОВИД-19 пандемија кога жителите на улица „Абас Емин“ секојдневно се соочуваат со недостиг на вода за пиење и вода за лична хигиена, приоритет на директорот на ЈП „Водовод“ се нови 18 вработувања. Иако има над 250 вработени, Директорот на ЈП „Водовод“ баш сега...
Post Views: 0
Од утре во новата учебна година 2017/2018 во училишните клупи ќе седнат 20.437 првачиња, а средното образование ќе го почнат 17.131 ученик.
Според податоците секоја година се намалува бројот на учениците во основните училишта. Државниот завод за статистика излезе со податок дека на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185.119 што претставува намалување за 1,7 процент во однос на претходната учебна година.
Долгорочната тенденција е застрашувачка: за 10 години бројот на ученици во основните училишта низ Македонија...
Post Views: 26
Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш повика на затварање на затворот Гвантанамо на Куба,при што наглaси дека тој затвор им штети на интересите на САД.
Изјавата на Обама доаѓа по бројните вести за штрајк со глад на затворениците, како и мерките на присилно хранење што се вршат над нив од страна на затворските служби.
-Затворот е штетен на меѓународен план, ја загрозува соработката со нашите сојузници во борбата против тероризмот и служи единствено како оружје за регрутација на екстремистите изјавил Обама.
Во затворот со глад штрајкуваат 166 затвореници,...
Post Views: 2
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски од денеска до 26 ноември ќе претстојува во работна посета на Франција.
На покана од шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер и министерот за имиграција, интерграција, национален идентитет и солидарен развој Брис Ортефе, Боцевски ќе учествува на Втората европско-африканска министерска конференција посветена на миграцијата и развојот.
За време на престојот во Париз, заменик-претседателот на македонската Влада ќе се сретне со Жан Давид ле Вит, дипломатски советник на францускиот претседател Никола Саркози,...
Post Views: 6
Заразата во Охрид се шири поради егиоизмот кај граѓаните. Тие болни и со симптоми кои ги кријат воопшто не се изолираат, се шетаат и дружат и така заразата се шири, вели епидемиологот доктор Јованка Стурлакова Коровешовска од Центарот за јавно здравје Охрид, за ,,Слободен печат”.
–Најголем проблем е што болните одат на работа, се шетаат и кријат дека се болни. Одат по кафеани, се дружат, а со симптоми и болни. Не научија дека изолацијата е најдобра превентивна мерка да се спречи ширењето на епидемијата. Владее некој егоизам од видот ,,мене кој ме разболе?”. Или,...
Post Views: 2
Орасио Картес, новиот претседател на Парагвај се откажа од платата во корист на добротворни цели.
Картес е еден од најбогатите луѓе во Парагвај кој со совјата победа, по пет годишна пауза, го означи враќањето на власт на конзервативната партија „Колорадо“.
Веднаш по победата Картес изјави дека приоритетна цел за време на неговиот мандат ќе биде борбата против сиромаштијата со која се соочува 40 отсто од населението.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Македонија на меѓународните ранг листи забележува пад во оценките за слободата на говорот.
Последно, минатиот месец на ранг листата на „Репортери без граници“ земјава забележа пад за шест места споредено со минатата година. Негативни забелешки за слободата на медиумите регистираше во својот последен извештај и Европската Комисија. Медиумите во Македонија се изложени на значајни политички влијанија и од оваа ситуација мора да се излезе, е пораката која ја упатува евроамбасадорот во земјава Ерван Фуере:
„Ова е многу реален и сериозен проблем и извештајот на Европската...