Усвоен ребалансот на Буџетот, може да стартува 4 сет економски мерки

Собранието го усвои ребалансот на  Буџетот за 2020 година може да стартува 4 сет економски мерки. Пренасочени се средства за справување со здравствената криза и за помош на  домашната економија. Донесени се и низа мерки за справување со ковид кризата.    

 |  Валентина Неловска  | 

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2020 година. Пренасочени се финансиски средства во справувањето со здравствената криза и за помош на домашната економија, информираше Душко Арсовски, портпаролот на Владата на Република Македонија.

„Пренасочени се средства за да се обезбедат на време вакцини, лекови и за зајакнување на здравствените капацитети. 470 милиони евра се издвоени за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за економско заздравување и одржливост на домашната економија и за зачувување на работните места“.

Со четвртиот сет мерки на владата ќе обезбедат  54 милиони денари награда за здравствените работници кои се на првата линија во справувањето со пандемијата, но е планирана и финансиска поддршка на останатите категории граѓани погодени од економската криза.

„Седумдесет милиони евра ќе се субвенционираа плати за 83.000 вработени за месеците октомври, ноември и декември. По 6.000 денари ќе добијат 283.000 наши сограѓани кои се најмногу погодени од кризата”.

Арсовски, покрај усвоените мерки за заштита пандемијата ги посочи и повеќето утврдени предлог-закони за изменување и дополнување како што се Законот за данокот на добивка, Законот за данокот на личен доход, Предлог- законот за финансиска поддршка со кој се уредува начинот на распределување на финансиската поддршка на корисниците на истата преку постоечка трансакциска сметка или новоотворена трансакциска сметка во банка по скратена постапка за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Владата го прифати предлогот на Министерството за здравство за потребата од асистенција на припадниците на Армијата во обезбедувањето на болниците за што ќе треба да се побара согласност од Претседателот на државата. Владата ја прифати и иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top