Вицепремиерот Боцевски во посета на Франција

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски од денеска до 26 ноември ќе претстојува во работна посета на Франција.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски од денеска до 26 ноември ќе претстојува во работна посета на Франција.

На покана од шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер и министерот за имиграција, интерграција, национален идентитет и солидарен развој Брис Ортефе, Боцевски ќе учествува на Втората европско-африканска министерска конференција посветена на миграцијата и развојот.

Ivica BocevskiЗа време на престојот во Париз, заменик-претседателот на македонската Влада ќе се сретне со Жан Давид ле Вит, дипломатски советник на францускиот претседател Никола Саркози, со државниот секретар за европски прашања во МНР на Франција Жан Пјер Жуие, со министерот за земјоделство Мишел Барние, како и со сенаторот Хуберт Анел, претседател на Комисијата за ЕУ при францускиот Сенат.

На конференцијата посветена на миграцијата и развојот, што се одржува за време на претседавањето на Франција со ЕУ, ќе учествуваат претставници на држави од Европа и од Африка, како и на меѓународни организации, кои ќе се обидат да изработат повеќегодишна програма за соработка во областа на миграцијата и развојот.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top