Д-р Стурлакова Коровешовска: Заразата се шири поради егоизмот на граѓаните

Заразата во Охрид се шири поради егиоизмот кај граѓаните. Тие болни и со симптоми кои ги кријат воопшто не се изолираат, се шетаат и дружат и така заразата се шири, вели епидемиологот доктор Јованка Стурлакова Коровешовска од Центарот за јавно здравје Охрид, за ,,Слободен печат”.

 |   | 

Најголем проблем е што болните одат на работа, се шетаат и кријат дека се болни. Одат по кафеани, се дружат, а со симптоми и болни. Не научија дека изолацијата е најдобра превентивна мерка да се спречи ширењето на епидемијата. Владее некој егоизам од видот ,,мене кој ме разболе?”. Или, ако јас сум болен тогаш сите нека бидат болни. Сите болни одат на работа, ја шират заразата. Најтешко им паѓа што ако се изолираат нема да имаат контакт со семејството и не даваат вистинити информации за контактите. Буквално ги кријат контактите. Тоа е голема грешка и причина за вжештувањето на пандемијата, вели Коровешовска коментирајќи ја за „Слободен печат“ секојдневната пракса со која се соочува како епидемиолог во Охрид.

Докторката додава дека, од друга страна пак, во охридската болница има ,,тепачка” за хоспитализации. Се тепаат да бидат хоспиталзирани. А дел од нив сметам дека воопшто не треба да се хоспитализирани зашто им го зафаќаат местото на тие со потешка форма на болеста, вели Коровешовска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top