Ковид пациенти ја преполнија Модуларната болница во Струга

Post Views: 16 Се наполни модуларната болница во Струга. 32 лица се хоспитализирани, останаа уште три слободни кревети. 22 пациенти се на кислородна поддршка, а најмладиот има 38 години. Седум од хоспитализираните биле вакцинирани со две дози, но тие се постабилни и со полесна клиничка слика. Кадровскиот потенцијал добро се менаџира, имаме распоред, ротираат. Имаме еден инфектолог, седум интернисти но имаме зајакнување од специјализанти кои што се вратени и се вклучени во справување со ситуацијата – вели Арменд Арслани. Се прават подготовки и интерното одделение во струшката...

Continue reading

ИПА Охрид одржа Изборно собрание

Post Views: 11 Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, викендов во Охрид одржа Изборно собрание на кое присуствуваа претседатели и претставници на ИПА Македонија, ИПА Скопје и на неколку други ИПА региони, изборно надзорна комисија во состав на ИПА Македонија, делегати, членови на ИПА Охрид и други гости. Притоа, со јавно гласање, беше избран Управен одбор за наредниот пет годишен мандат. Стефан Димоски е избран за претседател, Игор Смилески-генерален секретар, Сашо Шумуликоски-помошен генерален секретар, Александар Голабоски-благајник, Антигона Цветаноска-помошник,...

Continue reading

Пчеларите не се убијци, порачаа охридските пчелари

Post Views: 3 Охридските пчелари ги вознемири судска одлука на Основен Суд Охрид изречена против нивен колега со парична казна за каснување од пчели.  Пчеларите го кренаа гласот против како што велат апсурдната судска одлука со која пчелар треба да му исплати оштета на охриѓанец и административни трошоци во висина од 15.000 евра. Револтирани пчеларите реагираат на висината на изречената казна и на третманот кон  пчеларите. Бараат институциите да се изјаснат дали пчеларството треба да згасне во нашата земја. Пчеларот, Лазо Грозданов потсетува од какво значење се пчелите за...

Continue reading

СВР Охрид започна со превентивната кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства“

Post Views: 2 СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, отпочна со превентивната кампања „Не користи петарди и пиротехнички средства”. Вчера на плоштадот „Крушевска Република”, полициски службеници и активисти на Црвениот Крст од Охрид, делеа едукативни флаери за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника и реализираа вежба со мерки кон лица повредени од петарди. Целта на превентивната кампања е на граѓаните, пред се на најмладите, да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време...

Continue reading

Пост на Фејсбук шири невистини дека со вакцинацијата се зголемил бројот на заболени и починати од ковид-19

Post Views: 3 Постот не нуди докази кои потврдуваат дека со вакцинацијата против ковид-19 се зголемил процентот на заболени и починати од коронавирусот. Не е точно дека се кријат официјални податоци од несакани реакции по примена вакцина против ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека вакцината во голем процент од случаите на ковид позитивни штити од сериозни форми на болеста и од смрт. Пост на Фејсбук неосновано шири дезинформации дека откако почнало вакцинирањето против ковид-19, се зголемил бројот на заболени и починати. Постот неточно вели и дека се кријат официјални податоци...

Continue reading

По 107 дена заврши карантинот во Сиднеј

Post Views: 0 По 107 дена најголемиот австралиски град, Сиднеј, излезе од строгиот карантин воведен за спречување на заразата со ковид-19. Баровите, теретаните и рестораните денеска ги отворија вратите за вакцинираните посетители. Дел од пабовите специјално отворија веднаш после полноќ, а голем број жители излегоа на „полноќно“ пиво, покажуваат фотографиите и снимките на австриските медиуми. Премиерот на сојузната држава Нов Јужен Велс, Доминик Перотет, пак, предупреди дека ќе дојде до зголемување на бројот на новозаразени. Како ќе се зголемува движењето на луѓето, така ќе се зголемува...

Continue reading

34-годишно лице од Гостивар е жртвата од вчерашната сообраќајка

Post Views: 1 На 04.09.2021 околу 15,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во с.Ново Село се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.М.(41) од Охрид, патничко моторно возило “бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(23) од с.Радиовце-тетовско, и товарно моторно возило “фургон сангјонг“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(32) од с.Д.Бањица-гостиварско. На местото на незгодата починал сопатникот од товарното возило...

Continue reading

Кражба на дрва на планината Караорман

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва” и „пустошење на шуми”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Џ.Т.(48) од струшкото село Ново село, Р.Л.(31) од Струга, А.Р.(32) од селото Долно Татеши, против едно правно лице со седиште во Ново село., како и против албанските државјани А.З.(43), М.А.(43), К.Е.(29), М.П(35). При контрола извршена на 17.08.2021 година на планината Караорман, полициските службеници ги затекнале албанските државјани при нелегална сеча на буково огревно дрво кое, со коњи  го транспортирале до товарно...

Continue reading

Ученици од ОУ „Дебрца“ и нивни врсници од други земји се дел од проектот „Амбасадори на културата“

Post Views: 9 Златната маска од Требеништа, антички некрополи, средновековни цркви, старохристијански сакрални објекти, наслеби од бронзено, железно, хелинистичко и римско време се само дел од културните богатства на територијата на Дебрца. 21 локација и објекти од Дебрца се запишани во  државниот регистар со статус на културно наследство. Ученици од предметна настава од ОУ „Дебрца“ во село Белчишта активно се вклучени во откривање на убавините на културното наследство од нивниот крај. Заедно со нивни врсници од Португалија, Романија, Бугарија и Турција, тие се дел од проектот „Амабасадори...

Continue reading

Премиерот на Австралија: Ќе го вратиме Ѓоковиќ назад со првиот авион

Post Views: 11 Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека одлуката Новак Ѓоковиќ да добие медицинско ослободување да патува во Мелбурн, со што ќе стави крај на повеќемесечната неизвесност околу неговото учество на Австралија опен поради строгите барања за вакцинација против ковид-19 за турнирот е работа на владата на Викторија, каде што Мелбурн е главен град на државата. За одлуката нашироко се дебатира во градот каде што повеќето луѓе издржаа месеци на строги заклучувања и сурови ограничувања за патување во екот на пандемијата. Некои жители на Мелбурн ја нарекоа одлуката „неправедна“,...

Continue reading

Санкционирани 19 возачи во Охрид за престигнување на забранети места

Post Views: 1 На 17.12.2021 година, од 15 до 20 часот на подрачјето на СВР Охрид полициските службеници санкционирале 40 возачи кои извршиле престигнување на забранети и непрегледни места (Охрид-19, Струга-10, Кичево-03, Дебар-08). Санкционирани се и 10 возачи кои во Охрид, во и надвор од населено место, управувале возила со поголема брзина од дозволената – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Не е точно дека лекари од Сингапур утврдиле дека ковид-19 е бактерија и се лекува со аспирин

Post Views: 0 Постот што се споделува на Фејсбук ја манипулира јавноста дека во Сингапур била направена обдукција на починат пациент од ковид-19 и било констатирано дека не се работи за вирус, туку за бактерија. Станува збор за пост кој се споделуваше и во други држави, а во кој се тврди дека наводно сингапурските лекари откриле интраваскуларна коагулација која се лекува со антибиотици. Ваквите тврдења одамна беа демантирани од министерството за здравство на Сингапур од каде соопштија дека не е направена обдукција, ниту пак, препорачуваат други протоколи на лекување на болни од ковид-19. Објавата на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top