По 107 дена заврши карантинот во Сиднеј

По 107 дена најголемиот австралиски град, Сиднеј, излезе од строгиот карантин воведен за спречување на заразата со ковид-19. Баровите, теретаните и рестораните денеска ги отворија вратите за вакцинираните посетители. 

 |   | 

По 107 дена најголемиот австралиски град, Сиднеј, излезе од строгиот карантин воведен за спречување на заразата со ковид-19. Баровите, теретаните и рестораните денеска ги отворија вратите за вакцинираните посетители. Дел од пабовите специјално отворија веднаш после полноќ, а голем број жители излегоа на „полноќно“ пиво, покажуваат фотографиите и снимките на австриските медиуми.

Премиерот на сојузната држава Нов Јужен Велс, Доминик Перотет, пак, предупреди дека ќе дојде до зголемување на бројот на новозаразени.

Како ќе се зголемува движењето на луѓето, така ќе се зголемува и бројот на заразени и хоспитализирани. Но, не можеме да останеме затворени цело време. Мораме да научиме да живееме со вирусот – рече Перотет.

Досега на жителите на Сиднеј им беа забранети домашни посети, а според новите правила им се дозволуваат собири во домовите до најмногу 10 целосно вакцинирани лица. На свадбите и погребите, пак, може да присуствуваат најмногу 100 лица. Малопродажните места исто така се отворени со ограничен капацитет.

Укинувањето на рестрикциите следува откако сојузната држава Нов Јужен Велс постигна висок процент на вакцинирано население – 70 отсто, а целта на властите е до крајот на октомври да се стигне и до 80 отсто, по што би имало и дополнителни олеснувања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top