Post Views: 8
Од Охрид по 22 пат ќе се разлеат звуците на староградската музика. В петок на 24 септември ќе се одржат традиционалните Охридски староградски средби. Интересот за учество на средбите бил исклучително голем од ансамбли од целата земја кажува директорот на НУ ЦК „Григор Прличев“, Драгана Боцевска. За прв пат на оваа музичка манифестација учествува и вокалната група „Одесос“ од Варна, Бугарија. Во иднина тенденција на средбите ќе бидат да добијат и интернационален карактер. Што се однесува пак до селекцијата на 14 групи учесници, таа е направена од републичките центри...
Post Views: 1
Нови обвинувања во врска со тендерот на Локалната за набавка на touch-screen информативните пултови.
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, повторно обвинуваат во врска со овој, како што велат отаму скандалозен тендер.
Нема крај на безбројните коруптивни афери и манипулации на Градоначалникот Петрески, повторно обвинуваат од општинската ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Повторно предмет на обвинувањата е јавната набавка од Локалната на информативни пултови со екрани на допир-Touch screen. Портпаролот на Општинскиот комитет на ВМРО јавно го запраша Градоначалникот Петрески...
Post Views: 2
Заврши 21-та седница на Совет. Може да се каже дека истата помина во знакот на бело и црно, или позиција и опозиција. Советниците започнаа вербални препукувања, најпрво по однос на точките кои се однесуваа на предлог одлуките за именување на членови во упрвани и надзорни одбори на новите Јавни претпријатија.
„Слушајќи ги имињата и презимињата на предложените не можам да не забележам дека предложените се партиски војници и блиски на раководните структури во Јавните претпријатија. Ова само по себе кажува дека одборите ќе работат по налог на директорите на ЈП, а тоа не...
Post Views: 1
„Дојде време охриѓани да ја слушнат вистината“. Вака денес се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид Науме Јованоски. Ова произлегува како одговор на неодамнешниот прес на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, кој беше на тема „Пропаста на охридското стопанство и главниот виновник за тоа“. Јованоски во контекс на тоа рече дека добро е познато кој ја закопа „Охридска трговија“ и кој остави на улица 2000 вработени, детето галениче на ВМРО – ДПМНЕ, Ламбе Арнаудов. Градоначалникот Александар Петрески, како дирекно повикан од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов, му порача да...
Post Views: 11
Во моментов Македонија нема безбедносен стабилитет и на многу полиња е нарушена безбедноста вели Проф. д-р Јордан Спасески. Полицијата врши тешки и сложени задачи и таа е столб на безбедносниот систем. Иако безбедноста во целина не зависи само од активностите на полицијата, сепак таа во голема мера има удел во ова сфера укажува Спасески. Во безбедносниот систем во полицијата се примаат луѓе кои се оспособуваат по пат на курсеви и семинари додава Спасески. Полициската академија пак ја заврши 3-та генерација едуциран кадар од кој не е вработен ниту еден. Тоа покажува...
Post Views: 0
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 19 до 23 септември ќе се прикажуваат филмови од руска продукција, во рамки на манифестацијата Недела на руски филмови.
Организатори на манифестацијата се Министерство за култура на Руската Федерација, Министерство за култура на Македонија, Амбасада на Руската Федерација во Македонија, Филмскиот фонд на Македонија, Рускиот културно-информативен центар, Кинотека на Македонија и Студио „Фест-филм“.
Освен во Охрид, Недела на руските филмови ќе се одржи и во Скопје и во Битола.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Револтирани родители на ученици реагираат. Тие се пожалаа до нашиот медиум дека во турската паралелка при ОУ „Братство Единство“, часови по предметот ОТП, држи наставник кој нема познавање на турскиот јазик, а слабо го владее и македонскиот. Во дописот кој до нас го достави група од 22 родители стои дека ова се повторува години наназад и досега директорот на ова училиште според нив немал слух да го реши нивниот проблем. Поради ваквиот однос на директорот тие сметаат дека им е нарушено правото на образование на мајчин јазик кое е уставно.Првиот човек на ОУ Братство Единство,...
Post Views: 2
Современите туристички текови и секојдневно менливата туристичка побарувачка, се најголемата можност, но и закана за развојот на туристичката понуда од овој регион. Експертите тврдат дека она што на самиот регион му недостига е заеднички имиџ и заеднички настап на светскиот туристички пазар. Останатите региони одлично ја продаваат туристичката приказна и не претекнуваат во секој поглед, согласни експертите. Претседателот на Меѓународната организација за развој на туризмот, SACEN, Драган Глигоријевиќ кажа дека основната грешка која ја прават туристичките работници од...
Post Views: 3
Согледувањето на туристичката сезона која измина, тема на пресс конференцијата на ВМРО НП. Претседателот на ОК Ванчо Костоски уште на почетокот потенцираше дека оваа партија уште во месец април 2010 год. предвидувајќи што може да се случи организираше трибина за перспективите за развој на туризмот во општина Охрид. Тој додаде дека поканетите стручни лица од институциите, професорите, туристичките работници и покрај тоа што уште тогаш дадоа одредени насоки за развој на туризмот во општина Охрид, сепак ништо не се случи.„Тогаш имавме забелешки дека малку е касно за вакви...
Post Views: 1
Кампинг туризмот во целиот Балкан ќе се подигнува на повисоко ниво. Македонија има потенцијал и традиција за развој на модерен кампинг-туризам, но мора да се осовременуваат. Сопствениците треба постојано да ги следат развојните текови доколку сакаат успешен настап на пребирливиот европски пазар, отценува германскиот експерт за кампинг туризам кој деновиве престојува во Македонија и регионот, Волфганг Фромер.
„Гледам дека досега нема многу германски туристи во Македонија, а ние сакаме да им помогнеме на сопствениците на камповите во Маркетиншки аспект и советодавно...
Post Views: 2
Симболично со химната на Македонија и универзитетската химна отпочна првиот академски час на ФТУ „Св. Климент Охридски“ Охрид. Успешна академска година на новите студенти им посака деканот на ФТУ Сашо Коруноски и ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Златко Жоглев. Деканот на ФТУ Коруноски, рече дека денешниот ден е од големо значење за идните академци и како настан му се придава голама важност. Тој посебно го истакна податокот за отворањето на новата гранка, гастрономија исхрана и диететика.Ректорот на Битолскиот универзитет Жоглев рече дека не случајно...
Post Views: 1
Морално некомпетентни – вака командирот Добривое Петрески ги нарече оние кои пред 3 години кренаа два прсти за неговиот мандат како командир на охридската полиција. Петрески беше избраникот од тогаш доставените тројца кандидати до охридскиот Совет. Тој тогаш јавно и пред сите изјави дека ќе биде максимално транспарентен и 24 часа достапен за информации, не само за советниците туку и за сите граѓани. За возврат на дадената доверба од пред три години, командирот на вчерашната седница на Советот народните избраници ги нарече морално некомпетентни. Ова беа само дел од навредите...