Post Views: 11
Пајак Службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори.
Жителите од овој дел на Охрид бараат спас но јавно не сакаат да проговорат за новонастанатиот проблем, плашајќи се дека ако јавно проговорат тогаш ќе бидат мета во следните акции. „Никој не замерува што се подигнуваат автомобилите кои се паркирани на тротоарите или оние кои подолг период се стационирани на едно место, нам ни смета што се подигнуваат сите, дури...
Post Views: 8
Што и се случи вчера на Македонија? Дали она што синоќа целокупната македонска јавност го гледаше во етерот, а се случуваше пред вратите на објектот во кој е сместена А1 телевизија, значи морален крах – и на националниот медиум и на државата.Многу прашања останаа да лебдат во воздух, за кои најверојатно никогаш нема ни да ги слушнеме вистинските одговори. Дали навистина Управата за јавни приходи не можела 16 месеци да допре до финансовата евиденција на фирмите на Рамковски, па морала да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи за да дојде до нив?...
Post Views: 1
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ги актуелизира старите урбанистички планови за централното градско подрачје. Тие упатија обвинувања на адреса на градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа за урбанистичките планови со кои ќе се гради во ценатрот на Охрид. „Со тоа се задира во срцето на градот за сметка на зелениот појас“, незадоволно регираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Атанаско Михаилов претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ упати прашање до кога градоначалникот и локалната самоуправа, урбано ќе го деградира Охрид. Се потенцираа новите урбанистички решенија со...
Post Views: 5
Бесплатна правна помош за жртвите на половата дискриминација. Отсега преку Правниот застапник, кој функционира во рамките за МТСП, секој поединец, здружение на граѓани, синдикат или друго правно лице, ќе може да и се спротистави на половата дискриминација. Во оваа насока МТСП, во соработка со мисијата на OSCE кај нас, спроведе проект со кој ќе се промовираат еднаквите можности меѓу мажите и жените кај нас.
Тренчевска додаде дека овие 15 градови се избрани бидејќи физички не е возможно во секој град да се промовира проектот. Советникот потенцира дека, Секторот за еднакви...
Post Views: 8
Македонската православна црква ги известува православните верници дека Божиќниот пост почнува на 28 ноември, а божиќните поклади се претходниот ден, односно на 27 ноември.
Во изданието на Православниот календар за 2010 година, како што се наведува во соопштението од МПЦ, е направена техничката грешка околу почетокот на Божиќниот пост.На сите верници МПЦ им посакува лесни и од Бога благословени пости.
{loadposition content9}
Post Views: 8
Законот за Охрид на кој веќе две години се чека, конечно ќе се најде во собраниска процедура.Досега ниту една владеачка гарнитура не го донесе овој закон, иако беше најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури. На денешната седница на пратенички прашања, од страна на пратеникот Александар Николовски, беше поставено прашање до министерот за култура г-ѓа Елизабета Канчевска Милевска, по однос на изработката на специјализиран закон за заштита на градот Охрид. Канчевска со одговор дека законот е веќе изработен и е доставен на мислење во соодветните...
Post Views: 6
Работите со делумната реконструкција на Општа болница Охрид течат редовно според зацртаниот оперативен план на изведувачите. Портпаролот на Општа болница Др. Сашо Василески вели, нивното лобирање до Владата на Р. Македонија и дозволата за реконструкција од страна на Министерството за здравство, дошла во вистинско време. Василески верува дека работите ќе завршат во предвидениот рок.
Се очекува дека условите за работа ќе се подобрат со делумната реконструкција на Општа болница Охрид, вели Василески. Исто така, во исчекување е и одлуката на ресорното министерство за тоа...
Post Views: 3
Епидемијата на СИДА во светски рамки, слабее. Така, според последниот извештај на ООН, бројот на ХИВ позитивни лица е значително намален на 33 милиони, во 2009 година. Експертите велат дека голем број од високоразвиените земји или ја стабилизирале состојбата или постигнале значајни намалувања во стапките на нови инфекции со ХИВ. И Македонија бележи значајни намалувања на нови инфекции на ХИВ. Епидемиологот Д-р. Јованка Стурулакова Коровешоска вели дека од 1987 година до 31. Октомври оваа година, во Македонија се регистрирани 130 случаи на лица инфицирани со ХИВ вирусот,...
Post Views: 37
Охриѓани ги добија првите сметки од новоформираното претпријатие „Ниско градба“. На нив може да се забележи дека покрај ставката за одведување на отпадни води има и втора ставка одведување на атмосферски води. Трошокот за одведување на отпадни води, досега се наплатуваше во сметките на МЈП Проаква во кои на оваа ставка во новите сметки сега стои „0“ денари. Во првите сметки од „Ниско градба“ надоместот за одведување на отпадни води за физички лица изнесува 57 денари, а за правни околу 100 ден.
Неодамна за ТВМ првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски изјави...
Post Views: 6
Расветлени две кривични дела разбојиштво. Предраг П. осомничен дека е сторител на две кривични дела „Разбојништво“. СВР против овој (39) годишен охриѓанец поднесе кривична пријава. Пријавениот, кривичните дела ги сторил синоќа во киоскот „Кенгур-пром„ на улицата „Галичица„ и на 17-ти овој месец во Аптека „Виола„ на улицата „Сирма Војвода„
Тој го искористил моментот кога во објектите немало други луѓе и маскиран со плетена капа и шал, влегувал во објектот и под закана со нож, од вработените барал и одземал пари.
„Имено вчера околу 18.10 минути извршено е разбојништво...
Post Views: 7
Од барот Објектив кој се наоѓа во непосредна близина на орманот тврдат дека во неколку наврати за проблемот ги информирале во ЕВН, но до денеска никој не превзел ништо.
Контактиравме со портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески кој за проблемот дозна од нас. По фотографиите кои му ги испративме тој призна дека овој орман кој е под висок напон е вистинска опаснот за граѓаните. Ковачески, спротивно од информацијата од граѓаните, тврди дека во кол центарот на ЕВН, се до нашето јавување не било пријавено за проблемот.
Според портпаролот уште попладнево екипа на ЕВН ќе го поправи...
Post Views: 4
Хуманитарен концерт во организација на Здружението на македонско – турско – српска соработка со цел да му се помогне на малиот Илче кој боледува од церебрална парализа. Случувањето е во недела, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19 часот, каде на хуманитарниот концерт ќе настапат познати имиња од македонската естрада. Златко Ратајкоски, потпретседател на ова здружение се надева на хуманоста кај луѓето и не ја губи надежта за малиот Илче.
Во Детско одделение при општа болница Охрид за малиот Илче немало место обвинува Ратајкоски и додава дека морале да...