Со правен застапник против дискриминацијата

Правниот застапник, кој функционира во рамките на Министерството за труд и социјална политика е инструментот со кој сега ќе може да се бориме против полово заснованата дискриминација.

 |  Крсте Голабовски  | 
reklama
реклама

reklamaБесплатна правна помош за жртвите на половата дискриминација. Отсега преку Правниот застапник, кој функционира во рамките за МТСП, секој поединец, здружение на граѓани, синдикат или друго правно лице, ќе може да и се спротистави на половата дискриминација. Во оваа насока МТСП, во соработка со мисијата на OSCE кај нас, спроведе проект со кој ќе се промовираат еднаквите можности меѓу мажите и жените кај нас.

Тренчевска додаде дека овие 15 градови се избрани бидејќи физички не е возможно во секој град да се промовира проектот. Советникот потенцира дека, Секторот за еднакви можности нема да остане во своите канцеларии, туку ќе бидат посетени и останатите градови. Што се однесува до Правниот застапник, станува збор за државен службеник во МТСП, надлежен за водење постапка за утврдување на нееднаков третман на мажите и жените. Правниот застапник, Ленче Коцевска информира дека самата постапка е бесплатна, со нула денари административни трошоци за оној кој го пријавува случајот.

Коцевска истакна, дека правниот застапник не одлучува мериторно, не донесува одлуки и решенија, туку само дава правно мислење, кое пак не е правно обврзувачко, за лицето кое ја сторило дискриминацијата. Вака изготвеното мислење, додава Коцевска, се доставува до надлежниот инспекциски орган кој врз основа на мислењето на застапникот, изготвува решение кое лицето кое ја врши дискриминацијата е задолжено да ги отстрани тие неправди. Инаку Дискриминацијата се дефинира како секое исклучување, ограничување, нееднакво постапување или нееднаков третман на одредено лице или група заради некоја нивна карактеристика или припадност. Во Република Македонија дискриминацијата е недозволива и казнива со закон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top