drvo na tolerancijata

И во Охрид засадено „Дрвото на толеранција“

Post Views: 4 Уште една акција за поттикнување на меѓукултурниот дијалог. Сега со интересен наслов, „Да засадиме дрво на толеранцијата“. Оваа акција се спроведува по повод 16ти Ноември, Меѓународниот ден на толеранција. Целта на проектот е поттикнување на соживотот меѓу младите луѓе во Македонија за меѓусебна толеранција, соживот, без насилство, и за меѓусебно верско и национално почитување! „Точно напладне, во 12 часот, денес младите ќе засадат дрво на толеранција на која иницијатива Младински совет исто така се приклучи, подржувајќи го проектот кој веќе две години го спроведува...

Continue reading

dijabet karavan

Караванот „За здравје се потребни двајца“ пристигна во Охрид

Post Views: 1 Караванот за бесплатни совети и мерење на шекер во крвта во Охрид. Под мотото „За здравје се потребни двајца“, оваа акција организирана од страна на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и Министерството за здравство, предизвика огромен интерес, не само кај пациентите со дијабетис туку и кај останатите граѓани. Идејата на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, е да се преземе една  поопсежна акција,  со која што не само ќе се мери шеќер, туку ќе се изврши целосен преглед на дијабетичарите, вели Прим Д-р Др. Аврам Ванкоски -Претседател на Сојузот...

Continue reading

nagrada

Грст награди за учениците од „Ванчо Питошески“

Post Views: 6 Нови успеси за учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од петтиот Меѓународен натпревар на средни угостителски училишта што се одржа во  Сараево – Босна и Херцеговина, охриѓани се вратија со бројни награди. Една златна, три сребрени, две бронзени медаљи, а во екипна конкуренција трето место.  Ученикот Кироски Милчо кој се натпреваруваше во дисциплината презентација на туристичка дестинација, по втор пат годинава од овој меѓународен натпревар се враќа со прва награда. „ Охрид го презентирав како град на Унеско. Во дисциплината туристичка дестинација....

Continue reading

Mona

Живот во мрак

Post Views: 3 Симона Јовеска од Охрид, сеуште ја нема видено светлината на денот. Четири годишната Мона е весело и мошне интелегентно девојче, која сеуште не прогледала, раскажува низ солзи нејзината мајка Гордана Сиљаноска. „Малата Мона е предвремено родена на 8 месеци…… неколку дена беше во инкубатор а потоа од породилното одделение е испишана со општа добра состојба. Уште на тримесечна возраст приметив дека нешто не е в ред со нејзиниот вид“, вели нејзината мајка. Од тогаш, до денес, стручните лица при медицинските институции во земјава немаат поставено дијагноза за...

Continue reading

el. karticki

Пензионери, време е за електронски здравствени картички!

Post Views: 3 Пензионерите следни на листата на чекање за електронски здравствени картички. Се најавува рок од три месеци во кои картичките треба да стигнат до оваа категорија на граѓани. Аплицирањето за здравствените картички може да се направи или лично или преку матичниот лекар. Првоиздадената картичка ќе биде бесплатна за сите кои ќе аплицираат. И на пензионерите им дојде редот. По државната администрација и поголемите јавни претпријатија, сега пензинерите се следни за добивање на електронските здравствени картички. До крајот на 2012 година треба сите здравствени осигуреници...

Continue reading

elektronski otpad

Со бројни проекти се подига еколошката свест

Post Views: 6 Промовирање на сунеѓерот како ендемичен вид кој живее во Охридското езеро, планинскиот чај,  собирање на стара хартија, електорнски отпад, чистење на Охридското езеро од градежен шут, собирање на отпадно масло од домаќинставата  се дел од реализираните активности  на одделението  за заштита на животната  средина при Локалната самоуправа.  Во одобројување на деновите од оваа календарска година тие се задоволни од планираните и реализираните проекти. Со буџет од  3 милиони денари годинава успеаа да спроведат низа акции и да ги одбележат сите позначајни датуми поврзани...

Continue reading

kopano

Колку брзо ископаните улици треба да се вратат во првобитната состојба?

Post Views: 5 Низ Охридските улици масовно се работи. Прекопи за канализација, водовод, оптички кабли, струја. Иако веројатно ве радува фактот што градот оди напред со технологијата, некако задоволството спласнува откако ваквите зафати ќе се завршат. Причината едноставна, улицата или тротоарот најчесто не се враќаат во првобитната состојба или пак ако се вратат, тоа е неквалитетно направено. Раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски ни кажа дека постои законска обврска изведувачот да го врати прекопот во првобитната состојба, но дали постои временски рок во кој тоа...

Continue reading

parking

Повеќе или помалку успешна година за ЈП „Биљанини извори“

Post Views: 7 „Договорот со концесионерот веќе завршува во феруари месец 2012 година, кога ние треба да ги преземеме централните паркинзи, односно оние со кои сега стопанисува концесионерот, но мислам дека освен тие, ќе имаме и други паркинзи во градот, вели директорката. Годината која е пред нас, додава таа, ќе ја одбележат и неколку проекти со кои ќе се унапреди развојот на спортскиот туризам. Поради тоа, посебно внимание ќе се посвети на работата на базенот, потенцира Јованоска. „Сето тоа не доведе да размислуваме и за базенот повеќе. Оваа година како ЈП размилсуваме за годината...

Continue reading

decinja

Продолжен престој без никаков надомест

Post Views: 4 Ова е успешната приказна на основното училиште „Братство Единство“. Дванаесетина деца по завршувањето на редовната настава, своето време го минуваат во дополнителна просторија во рамките на училиштето. За нив се грижи наставничка ангажирана од страна на локалната, но сите други потреби на децата се задоволуваат од сопствен џеб и преку донации. Малку пари, а многу успеси. Кога човек ќе се запраша како функционира продолжениот престој во ОУ „Братство Единство“, едноставно не ви паѓа напамет ниту еден одговор, а се наметнуваат уште повеќе прашања. Дванаесет дечиња, по завршувањето...

Continue reading

penzioneri

Вратата на Месниот огранок од Горна Влашка маала е отворена за сите пензионери

Post Views: 10 Месниот огранок на  Здружението на пензионери од Горна Влашка маала е еден од поактивните во Охрид. Иако формиран на почетокот од оваа година пенизонерите од овој реон имаат донесено програма со многу активности. Неодамна пензионерите одржаа средба на која беа присутни и пензионери од соседните месни ограноци од Видобишта и Васил Главинов. Присутни беа над 130 пензионери кои беа запознаети со нашите планирани активности за да се подобри животот на  пензионерите, вели претседателот на Месниот огранок Горна Влашка Маала, Димче Стојкоски. „Се обидуваме на изнемоштените...

Continue reading

Crn Drim

Ќе се потпише меморандум според кој ќе се испушта езерото преку Црн Дрим

Post Views: 1 Осцилациите на нивото на охридското езеро се поизразени. Тие се природна појава, но загрижува фактот што од година во година стануваат се подраматични. „Причина за тоа се климатските промени, но не смееме да го минимизираме ни човекот како фактор“, вели претстевникот на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Дејан Пановски. „ Она што е важно е тоа дека нивото на Охридксото езеро е зависно од управувањето со басенот со реката Црн Дрим. Поради тоа влеговме во нова фаза, нов процес викан Дримски Дијалог и нова процедура на работа со управувањето на реката...

Continue reading

voda

Водата од градскиот водовод исправна за пиење

Post Views: 10 Место за паника и страв нема смируваат одговорните луѓе од двете институции кои ја контролираат водата за пиење од градскиот водовод,  по зачестените реакации дека водата во охридскиот водовод има сомнителен квалитет. Многу граѓани се жалат дека водата од градскиот водовод во изминативе денови имала чуден мирис. Од МЈП „Проаква“ упатуваат  смирувачки тонови дека водата за пиење од градскиот водовод нема сомнителен квалитет, таа е микробиолошки и бактериолошки исправна вели Владимир Алексиоски , одговорен за испитување на квалитетот на  водата од Проаква.    Мостри за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top