Post Views: 7
Деновиве мештаните од Канео сведоци на опасна појава. Имено тие забележале дека секој ден карпата која се надвиснува над Мостот на желбите поради надворешните влијанија попушта. Поточно огромни камења паѓаат на мостот или во езерото. Секојдневните минувачи по оваа патека гласно коментираат и предупредуваат дека ова место веќе не е безбедно и апелираат надлежните да ги превземат потребните заштитни мерки, со цел да се избегнат несаканите последици.
Ваквата состојба позната им е на надлежните од Локалната самоуправа. Од таму свесни се дека веднаш треба да се реагира и...
Post Views: 13
Со детекција и обележување започна третата фаза од чистењето на дното на езерото од неексплодирани убојни средства. Од Дирекцијата за заштита и спасување, информираат дека чистењето на убојните средства и во оваа трета фаза од проектот ќе се врши на две локации – кај градското пристаниште и во Пештани. „Третата фаза не значи дека езерото комплетно ќе се исчисти од убојни средства. Средства се обезбедени за оваа фаза, но се надевема дека и во иднина ќе се најадат донатори кои ќе овозможат да продолжи проектот“; вели советникот по мерки за заштита и спасување при...
Post Views: 6
Каде е крајот на проблемите за фестивалот „Охридско лето“? Од денес се соочуваат со нова ситуација. Освен без музички и драмски селектор, „Охридско лето“ повторно остана и без директор. Неполни три месеци, најзначајната раководна функција на институција од областа на културата ја извршуваше Васко Василески, меѓутоа, тој вчера поднесе неоптовиклива оставка. Министерката Канческа-Милеска веднаш по добивањето на оставката, за вршител на должноста-директор на фестивалот ја назначи Анита Алоска, од редот на вработените. Од Министерството наскоро најавуваат нов конкурс за...
Post Views: 5
Извештајот за напредокот на проширувањето на Европската комисија за 2011 содржи и позитивни и негативни критики. Истиот денес презентиран пред претставниците на охридската локална самоуправа, невладините организации, како и претставници на бизнис заедницата. Градоначалникот Александар Петрески информира дека еден од најголемите проблеми претставува процесот на децентрализација во Македонија кој е целосно заостанат. Додаде дека никако не отстапуваме од желбите и намерите Македонија да стане дел од големото европско семејство, секако со зачувување на своите посебности,...
Post Views: 2
Граѓаните од Охрид и околината кои имаат проблем со своите имоти, директно можат да му ги кажат на директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини, Љупчо Ѓеоргиевски или пак на неговите лични соработници. Охриѓани веднаш ја искористија оваа можност и побараа прием од првиот човек на агенцијата.
„Јас доста време чекав поради новиот премер што е направен, имав некои промени од стариот премер порано некои места се поместени, поточно она што беше мое сега е од комшијата и обратно. Доста врме чекавме. Една година сигурно се мачев, а бев и во Скопје за случајов и некако...
Post Views: 0
„Охридско лето“ и утрово се разбуди без музичкиот и драмскиот селектор. Велат утрото е помудро од ноќта, но барем засега не е така. И натаму само молк од дирекцијата на фестивалот. Се чини никој не сака да го повлече првиот чекор, но што понатаму? На изненадување на сите, цели пет дена имавме нови селектори на музичката и драмската програма на „Охридско лето“. Тоа се имињата на Горан Стојаноски, нашиот познат актер и директор на Охридскиот театар, и Маја Чанаќевиќ, директорката на Македонската филхармонија. Но еве поминува и вториот ден откако тие ги одбија нивните нови...
Post Views: 5
Започнува третата фаза за чистење на Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства. После успешно реализираните две фази од оваа акција, денес стартуваат активности за детекција на опасните средства. Во веќе спроведените две фази од овој проект успешно беа извадени 15, 9 тони неексплодирани убојни средства, кои потоа беа уништени на армискиот полигон на Криволак.
Љупчо Прескакулов од регионалната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид, не информира дека после успешно спроведената детекција ќе следи вадењето на средствата. Во самата акција ќе...
Post Views: 1
Срцево-садовите заболувања имаат тренд на пораст меѓу македонското население како и во останатите пост транзициски земји. Овие заболувања и понатака го држат прво место по смртност. Додека кардиоваскуларните болести кај нас се зголемуваат, во развиените земји нивниот број е во опаѓање. Примариус д-р Лазар Коњановски, интернист кардиолог, укажува на загрижувачкиот факт, младите луѓе се почесто се на удар од срцевите заболувања.
Стресот и понатака е главен ризик фактор за овие заболувања кои се и причина за смртност број еден.Д-р Коњаноски покрај стресот ги наведува...
Post Views: 0
45 вработени од ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- се вратија во МЈП ПРОАКВА. После година дена од работењето на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД двете претпријатија воочиле неколку пропусти во врска распределбата на стучниот кадар. Една од посериозниите забелешки е дека два битни сегменти останале во Нискоградба, а по логиката требало да припаѓаат во Проаква, вели првиот човек на МЈП ПРОАКВА Златко Старкоски. Тој додава дека во таа насока го искористиле новиот Закон за јавни службеници и со превземање ги вратиле истите луѓе со исти работни места и структура.
Постапката за спогодбено враќање...
Post Views: 9
ВМРО-ДПМНЕ ги презентираше проектите за развој на Охрид.
Овие проекти се дел од Манифестот за реформи и развој за кој од ДПМНЕ велат дека е носител на нивната кампања. Автопатско поврзување на Охрид со Гостивар во должина од 128 километри, железничка пруга Кичево-Струга и 126 нови куќи и станови за социјални случаи и самохрани мајки до 2013 година. Фокусот на реформите од ВМРО-ДПМНЕ велат е на инфраструктурната изградба.
Враќање на дигнитетот на образовните институции.
Тоа е мисијата која Либерално демократската партија ја постави како своја основна идеја за претстојните...
Post Views: 16
„Охридско лето“ остана без селектори. Само пет дена по смената на досегашните селектори на драмскиот и музичкиот дел, нашиот најпрестижен фестивал повторно во ќорсокак. Имено, како што веќе информиравме, директорот Васко Василески, по завршувањето на договорите на претходните селектори, за драмски селектор на фестивалот го назначи Горан Стојаноски, директор на Охридскиот народен театар, додека за селектор на музичката програма беше назначена директорката на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ. Сепак, онолку брзо колку што беа назначени, толку брзо и ја напуштија...
Post Views: 1
Никако да успее имплементацијата на Законот за домување. Меѓу народот сеуште владее непознавањето и дилемите околу обврските и поволностите кои ги носи овој закон. Многумина се прашуваат што ќе стане со куќните совети, кој треба да вработи домар или управител, колку вработени треба да бидат во негова служба, кој и како ќе ги плаќа и што доколку некој не го почитува Законот? Законот за домување беше донесен во 2009 година, а со него се регулираа односите на сопствениците на становите и лицата кои се овластени тие односи да ги спроведат. Новина е потребата од воведување...