EMO

Кривична пријава за 11 раководители кои го оштетиле „ЕМО“

Post Views: 7 Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава , против 11 лица, за сторено шест кривични дела, со кои, оштетено е акционерското друштво „Емо„ Охрид.Пријавата е поднесена против поранешниот генерален директор на „Емо„ Љ.С.(60) против неговите помошници за правни и финансиски работи К.М.(62) и  К.С.(54) како и против осум други лица, членови на одборот на директори: З.П.(51) К.В.(50) Д.М.(55) Н.Д.(60) З.Ц.(55) З.К.(54) М.С.(57) и С.Б.54), сите од Охрид, поради основи на сомнение дека , го сториле   кривичното  дело: „Злоупотреба...

Continue reading

med otpad

Падна договор за подигање на опасниот отпад

Post Views: 4 Општа болница Охрид, симна голем товар од својот грб. Најде решение за медицинскиот отпад, но и за комуналниот отпад. Неколку дена болничкиот простор наменет за одлагање на отпад, остана затрупан од смет. Проблемот на површина исплива деновиве кога се крена голема џева од страна на ЈП „Охридски Комуналец“, кога оттаму реагираа дека несоодветно се одлага медицинскиот отпад. Портпаролот на Општа болница Охрид, Др. Сашо Василески, не сакаше да ги коментира случувањата што претходеа на тоа. Тој само нагласи дека што се однесува до нив проблемот е трајно решен и нема повеќе...

Continue reading

Sednica na Sovet

Нацрт плановите на „Табана“ и „Ривиера“ не поминаа кај советниците

Post Views: 7 Предлог урбанистичките планови за Табана и Ривиера не поминаа кај советниците. 8 гласа ЗА, 8 Против и 2 воздржани за урбанистичкиот план за Табана и 11 гласа ЗА, 7 против и 2 воздржани, за нацрт урбанистичкиот план за Ривиера. Вака гласаа градските избраници по неколку часовните кавги, клевети, навреди, во кои опозицијата во советот тврдеше дека плановите како точки за совет се  незаконски поставени, а позицијата и локалната дека се е според законските одредби и норми.  Пред седницата на совет претходеше пресс конференција на која градоначалникот Александар Петрески...

Continue reading

kardioloshko

Нови простории, повеќе од потребни

Post Views: 0 Претесен  е просторот во кој што моментално функционра Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Директорот на оваа установа Никола Бакрачески, ги има запознато сите релевантни институции во државата, за надминување на овој проблем. Во моментов, бројот на услуги и пациенти кои добиваат услуги од кардиоваскуларна нега во нивната установа е зголемен дури за 400%. Бакрачески потенцира дека не може да се замижи и пред напливот на пациенти кој достигнува сервисирање на дури 400.000 илјади луѓе од земјава, посебно од Југозападниот дел. Според согледувањата, Бакрачески смета...

Continue reading

Саем за туризам Белград

Импровизација, оскудна организација и немање туристичка стратегија

Post Views: 5 Непишано правило е да доколку не сме способни да донесеме и реализираме некоја добра идеја, барем можеме по некоја да украдеме, од оној кој има. Презентацијата на нашата туристичка понуда на некои од саемите во регионов и Европа, сега засега е единствениот начин надвор да биде виден нашиот туристички производ, посебно сега, кога само после три години постоење, згасна Охридскиот Саем за рецептивен туризам. Јордан Трајков, актуелниот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, кажа дека досегашното одржување на охридскиот саем не ја оправдувало целта. Начинот...

Continue reading

Damovska

Не` очекува бурна седница

Post Views: 1 ВМРО-ДПМНЕ со забелешки и за остатокот од точките на дневниот ред на утрешната седница. Трн во око за советниците од ДПМНЕ беа предлогот за ново кредитно задолжување на Јавното претпријатие „Нискоградба“, извештаите за работата на секторите во Локалната, но особено жестоки реакции имаше на предлог цената за гробарина.„Јавното претпријатие гробишта со дозвола на мнозинството во Советот буквално ги ограби граѓаните со давачка од 1.200 денари по гробно место за тнр.гробарина  за 2011 година. Во сегашниот предлог предлагачите предвидуваат гробарината да изнесува  720 денари...

Continue reading

Starkoski

Папсаа изворите околу Билјанини

Post Views: 12 Затајува издашноста на изворите кои се наоѓаат околу локалитетот на Билјанините извори. Тоа предизвикува проблем околу нормалното снабдување со вода на МЈП „Проаква“, на Хидробиолошкиот завод, како и на познатите Билјанини Извори. Ваквата состојба е потврдена од надлежните државни институции. Овие аргументи во прилог на одбрана на МЈП Проаква, ги кажа директорот на ова претпријатие Златко Старкоски, како одговор на обвинувањата на охридските спортски риболовци, кои вината за поморот на плашицата и загрозување на другите видови риби кои живеат во каналот Студенчишта...

Continue reading

pres vmro-dpmne

Нова реакција на ДУП-овите за „Табана“ и „Ривиера“

Post Views: 3 Деталните урбанистички планови за „Табана“ и „Ривиера“ повторно пред советниците. Уште незапочната, јасно е дека оваа точка ќе биде хајлајт на утрешната 44та седница на советот на општина Охрид. Жестоки реакции упатени на адреса на локалната од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат: „Локалната самоуправа непочитувајќи ги мислењата дадени од стручните институции, игра на картата на манипулација на граѓаните на град Охрид, посебно на граѓаните кои имаат интерес на локациите, создавајќи им нереални очекувања за остварување на нивните барања.“ „Локалната...

Continue reading

parking

Ј.П.„Биљанини извори“, времено ќе стопанисува со јавните паркинг простори

Post Views: 14 После доста шпекулации за тоа кој ќе стопанисува со јавните паркинг простор површини во градов, Локалната пресуди во корист на ЈП Билјанини Извори. Боро Шајн, првиот човек на ова претпријатие информира дека покрај постоечките паркинзи кај Ривиера, цвеќара Мартина, АСНОМ и Горна порта, претпријатието на времено користење ги доби и следните јавни паркинг простори. „Пазар ( Tуристичка ), ул. Македонски просветители од семафорите кај Ох. Банка до плоштад ( 1 Мај, Тренд, Основен суд, Амам и Тинекс ), Кеј Маршал Тито и паркингот пред Македонски телекомуникации“, додава Шајн. Шајн...

Continue reading

pomor

Во каналот „Студенчишта“, повторно помор на плашица

Post Views: 16 Повторно помор на плашица во каналот „Студенчишта“. Оваа појава која за кратко време се случи неколку пати ги растревожи граѓаните и размрда надлежните. Директорот на хидробилошкиот институт, Гоце Костоски кој денеска службено беше отсутен, вели дека е феномен фактот што во месец февруари се случува олкав голем број на плашица да влезе во каналот.  Тој е категоричен дека причина за поморот е тоа што нема доволно доток на свежа вода во каналот, по што рибите кои се во каналот брзо го трошат кислородот од водата. „Рибата секогаш оди према изворот, а во овој случај извор...

Continue reading

gimnazija maska

„Анонимусите“ од Гимназија трето место на карневалот во Прилеп

Post Views: 2 Учениците од Општинското срдно училиште Св. Климент Охридски уште еднаш покажаа дека се уникатни и единствени.  На карневалот кој вчера се одржа во Прилеп го освоија третото место за современа групна маска.   „ Токму како што ја замисливме маската, така и изгледавме имавме проблем со времет, врнеше и неможевме во целот да ја реализираме нашата замисла. Околу две недели ја работевме маската“, вели ученик ОСУ Св Климент Охридски Ана Групчева.   „Миславме да ја одбреме оваа маска, „Анонимуси“, затоа што е популарна во социјалните мрежи и сакавме да бидеме уникатни и посебни...

Continue reading

plasica

Угинатата плашица не се продава на градскиот пазар

Post Views: 5 ТВМ  се обиде да дознае  каде завршува изловената, угината плашица од каналот. Директорот на ЈП „Градски пазар“, Живка Анѓелоска информира дека во соработка со инспекциските служби веќе презеле строги мерки за да се спречи нелегална  појава на продажба на плашица во  пазарот . „ До корисниците на закупените тезги напишавме соопштени  да го почитуваат пазарниот ред и да не вршат продажба на риба. На влезовите од пазарот поставивме исто така писмено соопштение дека во пазарот е забранета купопродажна на риба. Појавата надвор од пазарот да се продава риба не е во наша надлежност....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top