Импровизација, оскудна организација и немање туристичка стратегија

Најголема причина за ваквата состојба во туризмот е слабата соработка помеѓу Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и надлежните за туризам во локалната самоуправа.

 |  Крсте Голабовски  | 
Саем за туризам Белград
Саем за туризам Белград

Непишано правило е да доколку не сме способни да донесеме и реализираме некоја добра идеја, барем можеме по некоја да украдеме, од оној кој има.

Саем за туризам БелградПрезентацијата на нашата туристичка понуда на некои од саемите во регионов и Европа, сега засега е единствениот начин надвор да биде виден нашиот туристички производ, посебно сега, кога само после три години постоење, згасна Охридскиот Саем за рецептивен туризам. Јордан Трајков, актуелниот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, кажа дека досегашното одржување на охридскиот саем не ја оправдувало целта. Начинот на кој се организираше саемот не е атрактивен за тур-операторите, па поради тоа оваа манифестација, морала да згасне. Во иднина наместо саем ќе се организира конференција, кажа Трајков.
Но дека саемите за туризам се она вистинското, барем кога станува збор за промоција на понудата, доказ е саемот во Белград. Горан Петковиќ, државен секретар во Министерството за економија и регионален развој на Србија, истакна дека присуството на излагачите на белградскиот саем е оправдано со фактот што тука, излагачите лесно можат да ги најдат идните партнери. Станува збор за веќе најголемата туристичка манифестација во Југоисточна Европа.
Саем за туризам Белград„Само 6000 професионални пропусници се издадени за луѓето кои работат на штандовите и во организацијата на саемот, а оваа година очекуваме над 60 000 посетители да го видат саемот и да ја видат понудата.02,42 (лепи)  02,51 Точно 1022 излагачи  имаме на семот за туризам, за вино, сувенири и хотелска опрема, кои паралелено се одржуваат и поради тоа од година во година расте бројот на изгалачите“ објаснува Петковиќ.
Петковиќ обајсни дека цените за закуп на штанд на Белградскиот саем за туризам се навистина пристапни. Додаде, дека во цената, покрај закупениот простор се вклучени и други услуги за штандот, како подиум, преведувачи, потоа  на располагање им се услугите на саемските служби  и голем број други услуги.
„Цената на закупот на простор на саемот не е претерано висока и изнесува 35-45 евра за метар квадратен што мислиме дека е разумна цена затоа закупувачите наоѓаат интерес зошто сметаат дека таа инвестиција за штанд на саемот во Белград многу брзо ќе им се врати“, додава државниот секретар.
Според оваа изјава на Петковиќ, закупот на нашиот штанд би чинел околу 1500 евра, а според изјавите на туристичките работници, сумата за коучество и излагање на штандот била околу 500 евра за многу оскуден простор. Тогаш треба да се запрашаме дали оваа сума навистина е симболична, и  зошто на нашиот штанд, кој во споредба со останатите претставници не се истакнуваше со својот изглед и содржина, беше толку мал бројот на коучесниците, односно ги имаше само четири? Кога ли ќе ни стане јасно дека веќе земјите од нашето најблиско опкружување со конкретни чекори се обидуваат да ги задржат туристите од Балканот и се пробиваат на новите пазари, а ние мака мачиме заеднички и да настапиме.
Крсте Блажевски, менаџер на хотел „Дрим“, вели дека организираните настапи на големите саеми се повеќе од потребни, бидејќи за да големите ТА и туроператори не вклучат во нивните каталози, потребно е време. Но, настапот на нашата туристичката понуда мора да биде заеднички, зошто само така можеме да бидеме успешни, во спортивно, со поединечен настап, успехот ќе изостане, додава тој.

„За да се добие името саем, не започнало од минатата година, се работи 34 години, значи се почнува со нешто помало за да се направи нешто поголемо. Туристичките саеми се обично во големите градови, каде има голема посетеност на жители“ вели Блажески.

Саем за туризам БелградЕкспертите по туризам сметаат дека конечно треба да се направи соодветна туристичка стратегија која ќе придонесе Охрид да може солидно да живее од туризам и дека конечно треба да реши со каква понуда ќе се излезе на пазарот и какви гости сакаме да има. Македонскиот туристички производ мора да се продава како дел од една поголема туристичка приказна. Така, веќе неколку години наназад укажуваат на тоа дека Македонија мора да биде во друштвото на неколкуте останати земји од регионов, кои заедно ќе се продаваат како пакет на туристичкиот пазар. Зоран Стрезоски пак, поранешниот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, убеден дека саем за туризам во Македонија кога -тогаш мора да има.

„ Се увиде дека големите саеми се прават во големите градови, зошто тука се презентираат големите туристички дестинации. Но, во секој случај, мислам дека во Македонија ќе продолжи да се одржува саем за туризам било во Скопје било во Охрид, затоа што на крајот на краиштата на тој начин се промовира и државата од аспект на туристичка дестинација“, објаснува Стрезоски.

Саем за туризам БелградПокрај слабата промоција во странство, скапите туристички аранжмани и авиобилети, несоодветната патна инфраструктура, економската криза и големата туристичка конкуренција во регионот, бројот на гостите без евтини и дирекни летови, од година во година ќе биде помал, велат експертите. Кон Скопје и Охрид нема ниту една директна авионска линија и тоа е уште еден од проблемите. Можеби и најголемиот. Потребно е да се направи напор за ангажирање на некоја од евтините компании да летаат кон Скопје или Охрид. Со тоа, многу луѓе кои немаат вистинска претстава за Македонија, а и оние кои сакаат да ја посетат нашата земја за продолжен викенд на некоја од многубројните локации  ќе добијат шанса да го видат Скопје, да го запознаат Охрид и да видат каква интересна понуда има земјата, па по некое време, повторно да дојдат како вистински туристи. Подобрувањето на патната инфраструктура, особено на патниот правец Скопје-Охрид, е императив за успешно продавање на Охридско-Струшкиот туристички регион. Со по агресивна презентација ќе може да се запознае туристичкиот пазар, со тоа што Македонија навистина го нуди како неоткриена дестинација, посебно за оние кои сакаат планинарење, пешачење или возење велосипед. Државата останува да не е многу дарежлива кон туризмот. Ги намали и онака скромните средства од буџетот наменети за поддршка на оваа стопанска гранка. Којзнае, можеби спасот лежи во конференцијата, и онака саемот се покажа како неуспешна алатка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top