Папсаа изворите околу Билјанини

Поморот на рибата во каналот Студенчишта, на површина не само што ги исфрли мртвите палшици, туку отвори и еден сериозен проблем за надлежните институции.

 |  Билјана Николовска  | 
Starkoski
Старкоски

StarkoskiЗатајува издашноста на изворите кои се наоѓаат околу локалитетот на Билјанините извори. Тоа предизвикува проблем околу нормалното снабдување со вода на МЈП „Проаква“, на Хидробиолошкиот завод, како и на познатите Билјанини Извори. Ваквата состојба е потврдена од надлежните државни институции. Овие аргументи во прилог на одбрана на МЈП Проаква, ги кажа директорот на ова претпријатие Златко Старкоски, како одговор на обвинувањата на охридските спортски риболовци, кои вината за поморот на плашицата и загрозување на другите видови риби кои живеат во каналот Студенчишта ја фрлаат на ова претпријатие.
„Првенствено Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 01.01.2012 год ја посети Проаква со државниот инспекторат и направи записник во кој јасно кажа дека хидробиолошкиот режим е влошен. Тоа кажува дека има природен недостаток на вода. Друг аргумент 27.02 2012 посетени сме од државниот инспекторат за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, каде што исто така е направен записник и се констатира дека издашноста е минимална“, вели Старкоски.
водаТој тврди дека и покрај проблемите со кои се соочуваат во последно време, не е нарушено нормалното обезбедување на здрава вода за пиење за своите корисници.
„Кај граѓаните нема потреба и никаква причина за загриженост, затоа што овој недостаток ние го надокнадуваме со дополнително испумпување на вода од пумпната станица Метропол и тоа значи дека градов во моментов и во иднина нема да осети никаков недостаток на вода, ќе има потполн нормален оритисок и ќе конзумира проверено здрава вода за пиење“.
Старкоски ги повика спортските риболовци во секое време да го посетат, да се видат и да поразговараат поради дообјаснување на сите околности во врска нивните обвинувања. Воедно рече дека прифаќа и сугестии доколку се издржани и на место и понуди финансиска помош во рамките на можноста на претпријатието доколку се наложи потреба. За сите можни преостанати причини поради влошениот хидробиолошки режим, слабата издашност на изворите, директорот не сакаше да коментира, бидејќи смета дека секоја институција треба сама да ги решава своите проблеми. Останува да почекаме релевантните институции да ги направат експертските анализи за спорниот терен па потоа да се лоцира вината. Старкоски потенцира дека последни анализи од ваков карактер направени биле во 2000 та година а за овие 12 години настанати биле огромни промени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top