Нацрт плановите на „Табана“ и „Ривиера“ не поминаа кај советниците

Вака гласаа градските избраници по неколку часовните кавги, клевети, навреди, во кои опозицијата во советот тврдеше дека плановите како точки за совет се  незаконски поставени, а позицијата и локалната дека се е според законските одредби и норми. 

 |  Татјана Маленкова  | 
Sednica na Sovet
Седница на Совет

Sednica na SovetПредлог урбанистичките планови за Табана и Ривиера не поминаа кај советниците. 8 гласа ЗА, 8 Против и 2 воздржани за урбанистичкиот план за Табана и 11 гласа ЗА, 7 против и 2 воздржани, за нацрт урбанистичкиот план за Ривиера. Вака гласаа градските избраници по неколку часовните кавги, клевети, навреди, во кои опозицијата во советот тврдеше дека плановите како точки за совет се  незаконски поставени, а позицијата и локалната дека се е според законските одредби и норми.

 Пред седницата на совет претходеше пресс конференција на која градоначалникот Александар Петрески и координаторот на советничката група на СДСМ Томислав Тунтев, образложија зошто за многумина спорните предлог урбанистички планови се ставени на  дневен ред на 44 тата седница на совет. „Денешниот дневен ред е нормален и наликува на сите други. Содржи урбанистички планови, а ВМРО ДПМНЕ ја злоупотребува дадената можнот и сака да го сврти јавното мнение со пресс конференции“, истакна Тунтев.

TunteИ градоначалникот категоричен дека точките за предлог урбанистичките планови ставени на совет се според предлогот од заводот за заштита на спомениците на културата.  Тој тврди дека со ВМРО ДПМНЕ  сакајќи вниманието на јавноста да го сврти кон урбанизмот во Охрид, сака да ја прикрие намерата дека владата по Скопје 2014, сака и центарот на Охрид да го натрупа со споменици од бароктен стил. Покрај ова додаде дека овие предлог урбанистички нацрти се според законски рамки, за разлика како што кажа кај она што се гради на диво, без дозволи на Плаошник. „Сега носиме урбанистички план во нацрт верзија, Врз основа на подлогите кои ги дало министерството, предлогот го ставаме пред советниците. „Имате разни основи како да ги стипирате плановите, но немојте да ги лажете граѓаните. Комплетна согласност имаме за продолжување на планот. Затоа што вие со вашите одлуки и гласови не одгаварате, а јас одговарам, доколку ова го донесам, а не сум постапил законски“, вели градоначалникот Петрески.

Aleksandar PetreskiГрадоначалникот и координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ се спречкаа околу тоа кој има документ со понов датум од управата за заштита на културното наслдство. Затоа што според едниот документ за овие нацрт урбанистички планови заводот и управата дале согласнот, а според другиот не дале согласнот.
„Никогаш нема да поддржиме план со кој се нарушува природното и културно налследство. Конкретно за Табана локалната е таа која предлага и преговара. Управата за заштита на културното налседство, институција која мора да даде свое мислење за централното градско подрчје е категорична дека не постојат услови  плановите за Табана и Ривиера  да поминат на седница на совет“, истакна Паноски.

Советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски истакна дека многу политика е внесена при носењето на нацрт урбанистичките планови. Тој запраша зошто директорот на управата за заштита на културното наследство и директорот на завод и музеј не најдоа време да дојдат и да образложат се пред советниците кога се толку загрижени за Охридското централно јадро. Станкоски предложи да се организира уште една јавна расправа со цел да се одгатнат многу нејаснотии.

Sednica na SovetИ раководителот на секторот за урбанизам при локланата самоуправа Бранко Арнаудов како и претставниците на изработувачите на нацрт планот од  ИМПУМА од Скопје беа категорични дека нацрт основите за плановите се изработени според согласноста на надлежните институции.
„Овој план го имавме пред една година на седница на совет. Се повлече и се одлучи да има јавна расправа, на која имаше советници, сопственици на земјиште и пртставници од повиканите институции. Таа јавна расправа се одржа, а по тоа ние повеќе неморавме повторно да бараме мислење од министрството за култура, но сепак пак побаравме.  И добивме позитивно мислење“, истакна Арнаудов.

За разлика од  нацрт плановите за Табана и Ривиера, советниците дадоа зелен светло за нацтр деталните урбанистички планови за Чекоштина и Долно Коњско.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top