Во каналот „Студенчишта“, повторно помор на плашица

Причина за поморот на плашицата во каналот е ниското ниво на кислород во водата.

 |  Татјана Маленкова  | 
pomor
помор

pomorПовторно помор на плашица во каналот „Студенчишта“. Оваа појава која за кратко време се случи неколку пати ги растревожи граѓаните и размрда надлежните. Директорот на хидробилошкиот институт, Гоце Костоски кој денеска службено беше отсутен, вели дека е феномен фактот што во месец февруари се случува олкав голем број на плашица да влезе во каналот.  Тој е категоричен дека причина за поморот е тоа што нема доволно доток на свежа вода во каналот, по што рибите кои се во каналот брзо го трошат кислородот од водата.

„Рибата секогаш оди према изворот, а во овој случај извор имаме кај хидробилошкиот завод, токму поради ова, плашицата се собира во каналот, вели Костоски. Директорот додава дека дополнителен проблем за поморот во саботата било и наглото затоплување. Тој додава дека доколку ништо не се превземи при следното нагло затоплување повторно ќе се случи помор на плашица.
Директорот на институтот како можни алтернатив за да се спречи оваа појава посочува да се направи физичка дислокација на плашицата или пак физичко изловување на плашицата.

Atanasko MihailovИ од Центарот за јавно здравје потврдуваат дека причина за поморот на плашицата е ниското ниво на кислород. Тим од оваа институција постојано го мери нивото на кислород во водата. Директорот на центарот Атанаско Михаилов кажа дека и денеска испитувањето покажало дека заситеноста на водата со кислород е на многу ниско ниво.
„ Ако нормално кислородот е меѓу 9 и 10 милиграми на литар, сега е 5,4 милиграми на литар. Според застапеноста на кислородот во водата во Студенчишта, моментално водата хемиски ја третираме како вода од 4 та класа, и ако микобиолошки е од втора класа.  Тоа значи дека недоволното присуство на кислород во водата ја прави водата забранета дури и во водата за техничка вода“, вели директор на центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов.

Не само центарот за јавно здравје, денеска на терен го затекнавме и државниот земјоделски инспектор Александар Танчевски. Тој ги демантира шпекулациите дека во поморот настрадала огромна количина на риба.

„На терен сме по законот за рибарство. Извршена е контрола по целиот тек на каналот и се констатиравме  дека на 20 метри од хидробиолошки институт надолу има дел умрена плашица од недостаток на кислород, тоа е докажано, а надолу нема ништо. Ги отстранивме и риболовците. Целта е лебедите да ја отстранат плашицата. Тврдам дека најмногу да има од 15 до 20 килограми ништои повеќе, во целост го демантирам она што е кажано дека е угината 15 тони плашица“, вели државениот земјоделски инспектор, Александар Танчевски.

И екологистите реагираа и бараат брзо решавање на проблемот. Независниот екологист Лазе наумоски објаснува зошто рибата во олкав голем број се крие во каналот. „Во текот на зимата плашицата се повлекува од длабините на езерото према своите места за презимување. Тие места се каналот Студенчишта, реката Даљан како и местото кај новоизградените  наколни живеалишта. Овие места мора се средени и да имаат одредена количина на вода, за рибата да преживее. Билјанини извори во просек изминатите години имаше од 5 до 7 метри кубни вода, оваа вода сега е значително намалена и претставува пречка плашицата да презими“, вели Наумоски.

„Јас да кажам дека во овој перид оваа година имавме доста период сушен, околу шест месеци не заврна дожд и подземната вода се изгуби, поради што се јави недостаток на вода и во самите извори“, вели независниот екологист, Лазе Наумоски.

pomorНадлежните деновите продолжуваат со изнаоѓање на начини за да се стопира оваа несакана појава во каналот, но дотогаш апелираат угинатата риба никако граѓаните да не ја конзумираа.

„ Уште еден апел: „Никако оваа плашица несмее да се употребува угинатата риба или да се лови плашицата во делот каде што има угината риба. Повикуваме и граѓаните ги советуваме никако да не ја купуваат и јадат угинатата риба. Последиците од една угината риба може да бидат и фатални, по здравјето на луѓето“, додава Михаилов.

Загрижува фактот што прогнозите на сите се идентични, а тоа е дека ако продолжи ваквата тенденција на ниска заситеност на водата со кислород, веројатноста за нови помори на риба се многу големи.

Останува да почекаме по однос на ова прашење и ова проблематика да се произнесе и министрството за земјоделство шумарство и водостопанство. Денеска контактиравме и со пресс службата на оваа служба, но тие побараа повеќе време за да ги образложат чекорите кои ќе ги преземат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top