Нова реакција на ДУП-овите за „Табана“ и „Ривиера“

Од ВМРО-ДПМНЕ велат: „Пред нас е уште една седница на советот на кој локалната самоуправа упорно сака да турка активности кои се спротивни на интересите на граѓаните.“

 |  Мишел Наумоски  | 
pres vmro-dpmne
прес ВМРО-ДПМНЕ

pres vmro-dpmneДеталните урбанистички планови за „Табана“ и „Ривиера“ повторно пред советниците.
Уште незапочната, јасно е дека оваа точка ќе биде хајлајт на утрешната 44та седница на советот на општина Охрид. Жестоки реакции упатени на адреса на локалната од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат: „Локалната самоуправа непочитувајќи ги мислењата дадени од стручните институции, игра на картата на манипулација на граѓаните на град Охрид, посебно на граѓаните кои имаат интерес на локациите, создавајќи им нереални очекувања за остварување на нивните барања.“

„Локалната самоуправа упорно и упорно пред советниците на седниците на советот турка Детални урбанистички планови кои во многу од деталите се спорни и целосно гледано деструктивни кон зачувувањето на старото градско јадро. Изградбата на висококатници на паркингот пред Ривиера, самото проширување на комплексот на хотелот Ривиера, високи градби во зелените појаси во строгиот центар на градот, ширење на комплексот Летница се само дел од елементите кои реално предизвикуваат продолжение на нарушувањето на старото градско јадро на Охрид. “-рече Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски.

Паноски смета дека постојат други начини на кои сопствениците на имот на овие спорни локации би можеле да ги остварат своите права. Од ВМРО-ДПМНЕ и со конкретен предлог до локалната.

„Секако дека би сакале да има солуција и нашиот предлог би одел во насока да парцелите кои со процесот на денационализација им се вратени во сопственост на сопствениците, да им бидат откупени од страна на локалната самоуправа според пазарна цена на земјиштето и потоа на тие површини локалната да уреди објекти од јавен интерес. Поаѓаме од гледиштето дека јавниот интерес и во Охрид и во државата бил и секогаш треба да биде приоритетен пред било кој и било каков приватен интерес.“-изјави Паноски.

Dejan PanoskiВо одбрана на нивниот став за отстранување на спорните детални урбанистички планови од утрешната седница, Паноски цитираше дел од писмото на Управата за заштита на културното наследство. Таму стои следново: „Со оглед на обврските кои произлегуваат од член 2, став 1 од Законот за заштита на културното наследство, вградувањето  на заштитно-конзерваторските основи е задолжително, а Управата е органот кој ја констатира и контролира вграденоста на тие основи во планот. До управата за заштита на културното наследство не е пристигнато повторно барање за мислење за вграденост на основите во плановите така што усогласеноста на планските решенија со пропишаниот режим на заштита во заштитно-конзерваторските основи не е констатирана од страна на управата.“ Паноски додаде дека нивната советничка група ќе стори се што е во нивни раце за овие детални урбанистички планови да бидат тргнати од дневниот ред на утрешната седница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top