plaza

Распишан конкурсот за давање на oхридските плажи под концесија

Post Views: 3 За помалку од еден месец ќе се знаат новите газди на Охридските плажи. Министерството за транспорт и врски го распиша јавниот конкурс за давање под краткотраен закуп земјиште сопственост на Република Македонија, наменето за плажи на охридското крајбрежје. Условите наведени во него се крајно неповолни и арогантни, речиси за сите поранешни, а и потенцијални концесионери, вели Љупчо Нечкоски – поранешен концесионер на плажа. „ Условите за конкурирање за секоја плажа се крајно неприфатливи, пред се од финансиска гледна точка . А не знам и од кои причини и голем број од плажите...

Continue reading

kupi kuka kupi stan

Слаб одзив за „Купи куќа – купи стан“

Post Views: 11 Илјадници подигнати барања, но многу малку предадени апликации, а ретко одобрени барања за субвенциониран станбен кредит од владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“. Ваква е состојбата на ниво на држава, а во Охрид сликата е многу полоша. Од охридските филијали на скоро сите банки кои го поддржаа проектот, го добивме истиот одговор. Бројот на заинтересирани охрѓани голем, но одзивот, односно бројот на поднесени  апликации многу мал. Според Министерството за финасии, 18 компании од земјава нудат станови по цена која прифатлива според владиниот проект. Од нив, една е...

Continue reading

ohridsko leto

Дојдов, видов, заминав

Post Views: 5 Елизабета Јанкуловска, долгоочекуваната директорка на  „Охридско лето“, дојде во просториите на фестивалот, се виде со персоналот, ги заврши формалните работи и си замина. Со овој гест ги избегна медиумите. Никој од новинарите не ја виде иако со нетрпение јавноста очекуваше да ја запознае личноста што ќе раководи со оваа за охриѓани важна културна манифестација. После домино ефектот кој му се случи на овој престижен фестивал кога од функцијата се откажаа претходниот директор Васко Василески и селекторите Горан Стојаноски и Маја Чанаќевиќ, добро ќе беше новата директорка...

Continue reading

den na drvoto

Пролетва нема „Ден на дрвото“

Post Views: 14 Оваа пролет по се изгледа ќе мине без очекуваната акција „Ден на дрвото“. На крајот на месецов или почетокот на идниот, Македонија требаше да засади околу две милиони садници со што би се заокружила бројката од 30 милиони дрвца засадени од почетокот на оваа акција пред 4 години. Сепак иако најавена, акцијата беше презакажана за наесен. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во нивното соопштение како причина за откажувањето на акцијата ги наведуваат високите температури и наглото топење на снегот. По консултации со стручни лица од областа, министерството...

Continue reading

strniste

И натаму незаконски се палат стрништата

Post Views: 11 Започна пролетта, започнува и садењето на земјоделските култури. Земјоделците ги подготвуваат своите површини. Сето ова ќе беше одлично, ако оној дел на несовесни земјоделци, подготовките не ги вршеа со палење на стрништата. На овој начин, и отвораат дополнителна работа на територијалната противпожарна единица од Охрид. Од таму не информираат за рекорден број на интервенции на отворено. Единицата досега интервенирала дури 46 пати што е многу над просекот од изминативе години. Командирот на територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски вели дека иако бројката...

Continue reading

motor

Голем интерес за возачка од „М“ категорија“

Post Views: 17 Започна со реализација проектот „ Безбедно управување со мопед„ наменет за учениците од 14 до 18 години. Интересот кај охриѓани очекувано многу голем. 15 годишната Ангела Ангелоска една од многуте, која побрза да се пријави. „Претпладнево се пријавив во полициската станица. Дојдов со татко ми затоа што така мораше, за да ме запишат.Занам да возам мопед, се научив по сокачињата , но сега е многу полесно, затоа што ќе имам дозвола“, вели ученичката Ангела Ангелоска. Проектот е дел од глобалната децениска кампања за зголемување на безбедноста на патиштата и истиот ќе им...

Continue reading

pap test

Бесплатен ПАП тест, ама кога?

Post Views: 0 Наскоро започнува кампањата за спроведување на бесплатни ПАП тестови. Имено, со оваа кампања, во текот на наредните три години треба да бидат опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години. Главни имплементатори се Министерството за здравство, Центрите за јавно здравје од земјава и секако матичните гинеколози. Др.Слободанка Коцева од Центарот за јавно здравје од Охрид, вели дека сите 11 матични гинеколози на подрачјето на Охрид Струга и Дебар се уредно поканети. „Тие се должни со оваа покана да ги обавестат нивните пациентки на возраст од 24-35 години, да направат...

Continue reading

logo opstina

Не знаеме, не можеме или не сакаме

Post Views: 1 71 милион денари повеќе од една година чекаат во Министерството за Транспорт и врски Општина Охрид да се сети и да ги подигне. Овие средства се грант кој го издвоила Владата за Охрид, за изградба на систем за водоснабдување и одведување на отпадни води. За подигање на овие пари Општина Охрид не мора да изготви проект туку треба само да донесе одлука на совет и да прецизира за што точно ќе бидат искористени. Што е многу важно истите се неповратни. Локалната исто така може да дојде и до пари преку претпристапна помош во вид на грантови од Европската унија. Општините од...

Continue reading

cveka

Охрид град на цвеќето

Post Views: 7 Трендафилите се враќаат во Охрид. Дел од граѓаните на Охрид, навраќајќи се во спомените, велат дека трендафилите како препознатлив декор на градов од минатото многу им недостасуваат. Разнобојните садници од ова цвеќе редовно се наоѓале на фотографиите на охриѓани и бројните туристи. Трендафилите посебно беа карактеристични за паркот околу споменикот на Св Наум. Одговорниот на паркови и зеленило во ЈП „Охридски Комуналец“, Трајан Љаткоски, кажа дека ќе има обновување со садници на трендафили но на други парковски површини. Тој смета дека сегашниот изглед на паркот кај...

Continue reading

biljanini izvori

Охриѓани не се жедни

Post Views: 6 Градот може да се пофали со добар квантитет и квалитет на вода за пиење. Охриѓани не се жедни. Пијат микробиолошки  и хемиски исправна вода, но со променлив квалитет. Ова е коментарот на д-р Атанско Михаилов  од Центарот за јавно здравје за тоа каков е квалитетот на водата која тече низ градскиот водовод. „Има периоди кога квалитетот на водата  по хемиски состав е поблиска до највисоките класи  вода, но има периоди кога заради видот на доток на подземните води и место положбата на бунарите, квалитетот се менува“, објаснува Михаилов. Од МЈП „Проаква“, нагласуваат,  водата...

Continue reading

Mini ezero

Од езерото извадени 19 тони мини

Post Views: 8  Завршена трета фаза од проектот со кој се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. Но, за успешно да заврши се, воопшто не беше се така лесно. За да снимиме дел од акцијата поребно беше да се пополнат формулари и да ја пријавиме крвна група. Овој податок доволно јасно покажува за каква акција станува збор. Сепак најголема одговорност во проектот на Дирекцијата за заштита и спасување имаше тимот за подводно деминирање. Професионалните нуркачи кои за оваа акција имаа специјална 25 дневна обука во Бјела – Црна Гора одлично ја изведоа цалата акција. „Чувството...

Continue reading

kej

Охридското езеро го демнат нови опасности

Post Views: 5  Урбанизацијата на крајбрежниот дел, нерешениот проблем со колекторскиот систем кај Радожда, Трпејца и Љубаништа, немањето субјект кој стопанисува со езерото, проблемите со рибниот фонд се повеќе го загрозуваат Охридското езеро. Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за Охридското езеро вели дека крајно време е да и се застане на патот на сериозната агресија што му се прави на езерото. Затоа денес претставници на институции од централно и локално ниво за заштита и управување со Охридското Езеро, како и претставници на невладиниот сектор од Охрид и Струга седнаа на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top