Од езерото извадени 19 тони мини

Заврши третата фаза од проектот на Дирекцијата за заштита и спасување.

 |  Маленкова Татјана  | 
Mini ezero
мини езеро

 Завршена трета фаза од проектот со кој се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. Но, за успешно да заврши се, воопшто не беше се така лесно. За да снимиме дел од акцијата поребно беше да се пополнат формулари и да ја пријавиме крвна група. Овој податок доволно јасно покажува за каква акција станува збор. Сепак најголема одговорност во проектот на Дирекцијата за заштита и спасување имаше тимот за подводно деминирање. Професионалните нуркачи кои за оваа акција имаа специјална 25 дневна обука во Бјела – Црна Гора одлично ја изведоа цалата акција.

mini voda ezro

„Чувството да видиш бомба од под вода, сигурно на никого нема да му е сеедно и едноставно. Меѓутоа работата ја изведовме  професионално, како што треба во сите три фази, без никакви несакани ефекти. Чувството кога ќе влезиш во езеро, сепак не ти е сеедно, меѓутоа ако ги пратиш постапките и протоколите по кои сме обучени не би требало да има несакани ефекти. За среќа несакани работи немаше“, вели Горан Балев, дел од тимот за подводно деминирање.

Нуркачите во последната акција извадија над 4 тони, или вкупно 19 тони неексплодирани убојни средства. Генералната отценка на   носителот на проектот е дека акцијата беше успешно спроведена од откривањето на убојните средства, па се до нивното уништување.

mineri„Р Македонија е декларирана како земја исчистена од мини, прва е и засега единствена од земјите од Југоисточна Европа. Проблемот со неексплодираните убојни средства е сеуште присутен и актуелен. Пронајдените неексподирани убојни средства, според видот, рачни бомби, артилериски мини, рачни бомби имаат голема убиствена моќ и како такви преставуваа континуирана опасност за населението и матријалните добра“, вели заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Екрем Зендели.

Пронајдените неексплодирани убојни средства во трите акции  или рачните бомби, противпешадиски распрснувачки мини,  авионски бомби од помал калибар и артилериски гранати, тимот за копнено деминирање етапно ги уништуваше.

Проектот за вадење на неексплодираните убојни средства го изготви дирекцијата за заштита и спасување, но истиот беше реализиран благодарение на  поддршката од Американската влада и Меѓународната фондација за заштита од мини ИТФ од Словенија.

И покрај успешно завршените три фази од проектот, во езерото сеуште има неексплодирани убојни средства и тоа според проценките најмногу на струшкиот дел од езерото кај селата Калишта и Радожда. И покрај овој податок потреба за паника нетреба да има, затоа што езерото е крајно безбедно за спорт и рекреација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top