Post Views: 8
Општина Охрид има висок процент имунизација кој се движи над 98 проценти. За некои вакцини покриеноста е целосна. Задолжителни вакцини кои децата ги добиваат од раѓањето па се до навршување на полнолетство има 9. За некои родители вакцините одамна не се баук. Тие најчесто ги прифиќаат и редовно ги вакцинираат децата со задолжителните вакцини. Досега нема казни за родители кои одбивале да ги вакцинираат децата. Санкциите не се наш приоритет туку заштитата од болести, вели д-р Катерина Димитрова, началник на Општа болница. Во моментов тоа не е случај и со родителите кои...
Post Views: 4
Проф. д-р Јове Кекеноски од Факултетот за туризам и угостителство, познат аналитичар, ќе биде дел од тимот кој ќе го креира високото образование во Црна Гора. Тој неодамна беше избран од црногорското министерство за образование и спорт да биде дел од листата на експерти за акредитација на високото образование и студиски програми во Црна Гора.
„Ова е несекојдневен начин на собирање на туѓо меѓународно искуство каде сите ние кои сме избрани на таа листа на експерти ќе се обидеме нашето искуство да го импементираме во нивната пракса при отворањето на нови високообразовни...
Post Views: 13
Во почетокот на мај ќе започнат интензивните подготовки за снимање на дел од македонскиот игран филм „До балчак“, или со работен поднаслов „Приказна за Дивиот Исток“ во режија на Столе Попов, а според сценарио на Академик Горан Стефановски. По кастингот во Битола, денеска се бараа статисти и меѓу охриѓани, за сцените кои ќе се снимаат во Св. Наум. Кастингот во Охрид е само еден ден, во споредба со Битола каде статисти се избираа 8 дена, затоа што таму ќе се снима најголемиот дел од филмот или околу 70 %. Делови од филмот ќе се снимаат и во Св. Николе, Овче Поле, и...
Post Views: 1
После долга и напорна седница, најдобар одмор за сивите мозочни келии е топол туш и кревет. Охридските советници добро се држат на седниците, иако во последно време не ретко се случува да заглават до доцните ноќни саати. Народот вели кога се мора ништо не е тешко, но дали навистина е така. Дел од советниците не кријат и пред камерата на ТВМ признаа, дека долгите седници на Советот се напорни, излегуваат од контекст и не ретко се случува нивната концентрација да е на минимум. „Се губи голема кинцентрација при вака долги седници и неможиш да бидеш концентриран и целосно...
Post Views: 2
Секој мозаик има повеќе мали составни делчиња кои ја даваат целата слика. Така и „Скопје ремикс“ филмот за културниот ритам на градот под Калето преку девет кратки филма се обидува да го дофати духот на една генерација. „Скопје ремикс“ е сложувалка на чие составување во изминативе две и пол години работеа десет млади македонски режисери меѓу кои Борјан Зафировски, Дарјан Пејовски, Огнен Димитровски Срѓан Јанакиевиќ, Ѓорѓе Ставрески, Саша Станишиќ, Јане Алтипармаков, Вардан Тозија, Бојан Трифуновски и Синиша Ефтимов.
Водечка сила на филмот е музиката, музиката создавана...
Post Views: 4
Осмооделенците Бојан Робески и Ристески Дарко, се можеби идните средношколци кои своето образование ќе го продолжат во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“. И двајцата задоволни од условите кои се нудат во ова училиште, а со кои се запознаа на денешната презентација организирана за сите осмооделенци во просториите на самото средно стручно училиште.
„Ова е прво училиште кое ние сме го посетиле, досега доаѓаа презентери од другите средни училишта од градов и ни презентираа. Внимание ми привлекоа практичните настави, бидејќи јас го обожавам готварството, мислам...
Post Views: 14
Или двосменско работење или работење во различни смени со замената. Од сега вака би требало да функционира примарната здравствена заштита во градов, но и во земјава. На овој начин Фондот за здравство се обидува да обезбеди континуирана здравствена заштита за пациентите. Ова особено добро ќе им помогне на интернистите при Општата болница во Охрид кои велат дека имаат прекумерна работа, но и дека непотребно трошат скапоцени ресурси. Причина: Голем дел од пациентите кои доаѓаат кај нив всушност требало да отидат кај својот матичен.
„Тоа ќе биде задача на Фондот да ги стави...
Post Views: 8
На бистата на охридскиот револуционер и илингденец Христо Узунов во знак на сеќавање и почит беше положено свежо цвеќе. Градоначалникот, преставници од Локалната самоуправа и училиштето кое го носи неговото име се поклонаа пред големиот револуционер. Потоа, преставници од градот заминаа да го посетат неговото вечно почивалиште во Цер, каде што Христо Узунов храбро во 1905 година со својата дружина ги положија животите за Македонија.
Синоќа пак, основното училиште кое со гордост го носи името на овој револуционер, го одбележа по 35 -ти пат својот патронат. Учениците...
Post Views: 0
И основните и средните училишта од Охрид одлично се покажаа. Овие смотри секоја година се одржуваат во рамките на основното училиште „Христо Узунов“.
Учествуваа 16 хорови и 11 оркестри од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево.
Првото место кај средните училишта убедливо го освои младинскиот мешан хор при ОСУ „Свети Климент Охридски“, додека кај основните првото место им припадна на хористите од основното училиште „Христо Узунов“, а со прво место, но во категоријата оркестри се закити оркестарот од ОУ „Свети Климент Охридски“-Охрид.
Двата прво пласирани...
Post Views: 8
Децата од населбата „Гоце Делчев“, конечно ќе го добијат своето катче за спорт и игра. Генерации од нив израснаа играјќи на улица, секојденвно стравувајќи од автомобилите. Велат, дека не можат да дочекаат да го добијат својот долгоочекуван спортски терен.
Советникот за улици, Зоран Шикалески објаснува дека овој нивен зафат се гради според постоечкиот Урбнистички план, донесен уште во 1991 година и согласно програмата донесена од страна на Советот на општина Охрид.
„На тој дел ќе се изградат две игралишта, едно детско игралиште, со детски реквизити, нишалки, лизгалки...
Post Views: 1
Опасност ги демне учениците и минувачите кои влегуваат низ портата на црквата Света Богородица Перивлепта. Западната страна од ѕидот на конакот кој се наоѓа во дворот на црквата за 40сетина сантиметри е поместена од лежиштето, а на самиот ѕид има голема пукнатина. Секој момент истиот може да се сруши. Благоја Чочегов, жител од овој дел на градот вели дека тука секојдневно поминуваат голем дел од учениците кои учат во Основното училиште Св. Климент Охридски, а и туристите кои ја посетуваат црквата многупати се потпираат на опасниот ѕид без да знаат што може да им се случи.
Чочегов...
Post Views: 2
По улица „Климетица“ во Струга шест дена тече вода, а надлежните од Р.Е Водовод не интервенираат. Граѓаните како што е ред најпрво решение за проблемот побарале од МЈП Проаква и случајот го пријавиле до надлежните служби во ова ЈП. Откако никој не излегол на терен за да го отстрани дефектот, се обратија и до нашата редакција.Во дописот испратен до ТВМ стои дека целата улица е во хаотична состојба, а најлошо од се е што сите околни куќи кои поседуваат подрумски простории се полни со вода за пиење. За да се увериме излеговме на терен, каде констатиравме дека жителите...