Матичен лекар кога ќе ти притреба

Фондот за здравство со анекс на договорите склучени со матичните лекари, од нив бара постојана достапност за пациентите.

 |  Мишел Наумоски  | 
maticen kancelarija
матичен канцеларија

Или двосменско работење или работење во различни смени со замената. Од сега вака би требало да функционира примарната здравствена заштита во градов, но и во земјава. На овој начин Фондот за здравство се обидува да обезбеди континуирана здравствена заштита за пациентите. Ова особено добро ќе им помогне на интернистите при Општата болница во Охрид кои велат дека имаат прекумерна работа, но и дека непотребно трошат скапоцени ресурси. Причина: Голем дел од пациентите кои доаѓаат кај нив всушност требало да отидат кај својот матичен.

maticen laboratorija„Тоа ќе биде задача на Фондот да ги стави во една рамка на соодветна тријажа на пациентите како овде не би доаѓале пациенти за мерење на притисок или за тегоби кои припаѓаат на примарната здравствена заштита затоа што ние имаме и проблеми во однос на давањето на услуги, значи ние сме лимитирани во однос на давањето на услугите и некои пациенти кои не треба да доаѓаат тука едноставно да не бидат вознемирувани пациентите кои се болнички.“-вели Д-р Сашо Василески-специјалист интернист при Општа болница-Охрид.
Матичните лекари согласни околу потребата за нивна поголема достапност за пациентите, сепак велат дека континуираната здравствена заштита не е голема новина.

maticen eho„Тоа стоеше и во претходните договори, значи во анексите има некои дополнувања, побарана е сатница од 40 часа да биде работната недела ефективна, значи да има покриеност. На некои места во градов знаете има покриеност, на некои нема. Значи треба да има покриеност на 40 сатна недела минимум. Еве ние овде и префрламе, стигнуваме и до 50 саатна работа. Односно многу е битно матичниот и замената да направат обезбедување односно ако е матичниот сам да обезбеди двосменско работење.“-рече Д-р Љупчо Костески-Координатор на Здружение на приватни лекари-Охрид.
Костески дополнува дека тие достапноста треба да ја обезбедат до 20 часот, додека за остатокот од интервенциите кои се над 20 часот задолжени се итните служби односно брзата помош. Пациентите пак, оние кои веројатно се најзасегнати од измените, со позитивна оценка за своите матични лекари.
„Задоволен, задоволен многу, лично јас.“
„Јас сега само што излегувам од кај матичната задоволен сум мислам дека работат совесно, досега барем, ако се менуваат приликите и тие ќе се прилагодат према нив.“
„Па јас по мое мислам дека работат колку што можат, нормално секој доктор не е исто, некој злоупотребува од службата ама некој си ја врши онака како што треба.“-велат дел од Охриѓани.

Доколку она што теоретски Фондот го бара од матичните лекари е исполнето, тогаш веројатно ќе излезе и онаа народната, „Ем волкот сит, ем овците на број.“ Тогаш барем не ќе мора да ги темпирате симптомите на вашата болест според работното време на лекарите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top