Цвеќе и приредба во чест на Христо Узунов

На бистата на охридскиот револуционер и илингденец Христо Узунов во знак на сеќавање и почит беше положено свежо цвеќе.

 |  Валентина Неловска  | 
kiki
kiki

 На бистата на охридскиот револуционер и илингденец Христо Узунов во знак на сеќавање и почит беше положено свежо цвеќе. Градоначалникот, преставници од Локалната самоуправа и училиштето кое го носи неговото име се поклонаа пред големиот револуционер. Потоа, преставници од градот заминаа да го посетат неговото вечно почивалиште во Цер, каде што Христо Узунов храбро во 1905 година со својата дружина ги положија животите за Македонија.

хорСиноќа пак, основното училиште кое со гордост го носи името на овој револуционер, го одбележа по 35 -ти пат својот патронат. Учениците под раководство на своите професори приредија свечена програма под наслов „Животот е убав“.
Директорката на училиштето, Дијана Јулоска, која кратко време е на оваа раководна позиција, истакна дека е задоволна од досега постигнатите успеси на учениците и резултатите од одржаните општински и регионални натпревари по информатика, физика, математика и географија. Јулоска се надева дека и во престојниот период ќе продолжат со постигнување на високи резултати со кое училиштето и наставниот кадар ќе се гордеат. Најавува поголема отвореност на училиштето преку изработка на веб страна, како и реновирање на делови од училишната зграда.
Училишниот хор и оркестар, како и членовите на литературната секција и секцијата по француски јазик се преставија во најдобро светло. Пред гостите во преполнатата сала на центарот за култура изведоа рецитал и бројни музички точки.  Учениците изведоа и сегменти од познати филмови и опери, меѓу кои и филмот „Шиндлерова листа“ и сценска изведба на „Кармина Бурана“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top