Post Views: 5
Граѓаните се жалат дека не можат да си набават дрва од ЈП „Галичица“-охридската подружница на Македонски шуми. Дрва во стовариштето има, но вработените не продаваат бидејќи не можат да ги наплатат. На оние кои се интересирале за купување дрва им било кажувано дека подружницата нема набавено нов фискален апарат со Џи Пи Ер Ес уред. Охриѓани кажуваат дека од подружницата им велеле да си ги нарачаат дрвата, да остават податоци и адреса на живеење а дрвата ќе им ги испорачале кога ќе можат да им ги наплатат. Директорот на подружницата Зоран Најданоски потврдува дека сеуште...
Post Views: 0
Новозеландската полиција го обвинила Phil Rudd, тапанарот на славниот бенд AC/DC за нарачување и закана за убиство, но и за поседување наркотици. 60 годишниот Австралиец не се изјаснувал за обвиненијата на краткото рочиште во судот во Туаранга, околу 200 километри југоисточно од Окленд. Тој е пуштен со кауција и има ограничено движење, а на суд мора да се појави кон крајот на месецов.
На Rudd му се закануваат десет години затвор ако биде осуден за најтешкото казнено дело, обид за нарачка на убиство.
Локален портал објавил дека кон крајот на септември наводно се обидел...
Post Views: 4
Сонк го прекина шатрајкот во образованието. Претставници на Сонк и Мон седнаа на маса и постигнаа договор. Во начело се одложени казните и наградите на наставниците врз основа на екстерното тестирање сè додека не се постигне договор, ќе се продолжат преговорите за висината на платите, има најави од септември да се поедностави Е-дневник, а поголеми плати за вработените во градинките ќе има врз основа на колективниот договор. Од Сонк се задоволни од договореното.
Но, со ставот на Сонк не се согласуваат членовите на регионалниот синдикален одбор од струшко-дебарскиот...
Post Views: 9
Општина Охрид води успешна социјална политика. Како резултат на тоа градот е еден од водечките во земјава на тоа поле, односно посветено работи на грижата за своите сограѓани кои припаѓаат на социјално ранливата категорија. Ова на денешната прес конференција го истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески.
„Тоа претставува уште една потврда на реализираните ветувања во поглед на нашите заложби да ги подобриме условите за живот на социјално ранливите категории на охриѓани и да го олесниме нивното живеење. И покрај наследената тешка финансиска состојба за нив општина...
Post Views: 1
Селекторката Астрид Бусинк од Амстердам ги одбираше документарните филмови според темата блиско а далечно. За нејзината селекција таа вели: “Од Шпанката која ги брои луѓето што поминуваат до љубовно писмо читано од туѓинци или средба со Хитлер, овогодишниот избор на документарни филмови е разнобојна мешавина која патува низ време, места и емоции. Без разлика дали ја гледаме емиграцијата на семејството Туарези, старите нацистички снимки, шивачките или обезбедувањето на врата на ноќен клуб, колку и да е тоа далеку или одамна, во овие филмови сè е лично.”
Омар Абу ел Руб...
Post Views: 0
Ѓорѓиоски Љупчо веќе една година е колпортер и го продава уличното списание „Лице в лице“. Во него се третираат општествено-одговорни теми од повеќе области на живеењето, а го продаваат маргинализирани групи и поединци. Љупчо е лице со делумна интелектуална попреченост кој живее со 1200 ден. социјална помош, а со продажба на списанието колку толку обезбедува за да си купи барем леб. Од секој продаден број кој чини 100 денари, половина од сумата е наменета директно за продавачот, а останатата половина се вложува половина за печатење и за активности кои го подобруваат...
Post Views: 10
НП „Галичица“ уреди ново излетничко место „Јадера“. Ова е втора локација за нецела недела за која се погрижи раководниот тим на паркот. „Јадера“ се наоѓа во непосредна близина на атрактивното туристичко место Градиште. Првиот човек, Зоран Ангелоски кој повеќето од своето работно време го поминува низ националниот парк вели, дека конечно успеале да обезбедат две сигурнио места за посета на гости. Тој потенцира дека местото е уредено со дрвени клупи маси и столици, патеки, детско игралиште и комплетно е опремено за пикник. Ангелоски додаде дека излетничкото место има...
Post Views: 0
Се срушија камени блокови во должина од 7 метра од потрпониот ѕид над црквата Св Богородица Панданос. Попушти камениот ѕид долг 10 м чиј дел не е ѕидан со бетон туку е граден со камен врз камен. Одронот од големи блокови камен за среќа не ја уништи малата малска црквичка, велат жителите. Сега стравуваат да не почне да се лизга и пропадне и улицата Кузман Капидан. Жителите од месната заедница Стар град утрово реагирале до Фодот за комунален развој за да го санираат руинираниот ѕид. Љупчо Танески, раководител на Фондот за комунален развој, информира дека утрово веднаш ...
Post Views: 10
Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), петок, 18-ти јуни, ден пред празникот Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.
Post Views: 2
Професорите од охридската гимназија утре нема да штрајкуваат пред Локалната самоуправа. На денешниот состанок со Регионалниот одбор на СОНК професорите, кои од вчера се во штрајк, останаа без согласност за радикализација на штрајкот, вели членот на синдикалната организација при ОСУ Св „Климент Охридски“, Ристо Николески.
„ Не дадоа подршка тоа според мене е жално. Сметавме дека имаме поддршка. Осудени бевме дека сме малку да ја претставуваме гимназијата. Одредени колеги, членови и претседатели на синдикатите при училиштата ни дадоа поддршка. Пред да заврши седницата...
Post Views: 1
Влатко Огненовски, готвач со големо искуство зад себе кој занаетот го печел во Сиена, Прага, Париз, Њу Јорк, Порторико, Барбадос, Мексико, Бермудските острови, Хавана, Лаос, Камбоџа, Тајланд, Косово, Црна Гора, ќе ја осовременува македонската национална кујна. Тој заедно со својот тим ќе креира модерна македонска кујна од поднебјето на Охрид. Тој вели дека доколку сакаме да развиваме туризам во градов мора да ја подобриме гастрономската понуда. Објаснува дека во моментов мениата кои им се нудат на гостите се преобемни, но без никаква креативност во јадењата кои се подготвуваат.
Очекуваме...
Post Views: 5
Google кон средината на октомври официјално ја најави Android 5.0 Lollipop, нова верзија на најпопуларната мобилна платформа на светот, која наскоро би требало да се појави на паметните телефони. По овој повод Business Insider истакна неколку новини кои доаѓаат со новиот Android. Издвојуваме седум функции кои се во склоп на Lollipop.
Повеќе кориснички профили – Со новиот Android ќе биде возможно да се креираат повеќе кориснички профили на мобилниот телефон или таблетот. Со други зборови, ако го делите уредот со членовите од фамилијата, секој ќе може да креира свој профил.
Google...