Во пресрет на први мај,ново излетничко место „Јадера“

Уште едно излетничко место. „Јадера“ е ново уредената локација во Националниот парк „Галичица“, каде охриѓани и бројните гости ќе можат да уживаат во природата во уште еден уреден амбиент од страна на оваа установа.

 |  Билјана Николовска  | 
galicica
галичица

galicicaНП „Галичица“ уреди ново излетничко место „Јадера“. Ова е втора локација за нецела недела за која се погрижи раководниот тим на паркот.
„Јадера“ се наоѓа во непосредна близина на атрактивното туристичко место Градиште. Првиот човек, Зоран Ангелоски кој повеќето од своето работно време го поминува низ националниот парк вели, дека конечно успеале да обезбедат две сигурнио места за посета на гости. Тој потенцира дека местото е уредено со дрвени клупи маси и столици, патеки, детско игралиште и комплетно е опремено за пикник. Ангелоски додаде дека излетничкото место има сопствен парк а капацитетот на гости кои можат да престојуваат е околу 130 лица. Средувањето на оваа локација чинело  околу 20 000 евра. Директорот на паркот очекува за првомајските празници голема посетеност. Излетничките места „Корита“ и „Јадера“, биле предвидени во стратегијата за одговорен туризам изработена од пред една година од страна на паркот. Исто така со овој потег одговорено е на локалното население кои барале во паркот да има излетнички места. Досега таму немаше официјални излетнички места во кои согласно законот за заштита на природата е дозволено палење оган. Од НП „Галичица“ најавуваат и други проекти за кои не сакаа да ги откријат деталите.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top