Охрид води успешна социјална политика

Охрид води успешна социјалната политика. Како резултат на тоа подобрени се условите за живот на социјално ранливите категории на охриѓани и олеснето е нивното живеење, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на неговото денешно обраќање пред новинарите.

 |  Николоска Биљана  | 
opstina
општина

Општина Охрид води успешна социјална политика. Како резултат на тоа градот е еден од водечките во земјава на тоа поле, односно посветено работи на грижата за своите сограѓани кои припаѓаат на социјално ранливата категорија. Ова на денешната прес конференција го истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески.

bakraceski„Тоа претставува уште една потврда на реализираните ветувања во поглед на нашите заложби да ги подобриме условите за живот на социјално ранливите категории на охриѓани и да го олесниме нивното живеење. И покрај наследената тешка финансиска состојба за нив општина Охрид за период од неполни 2 години преку различнитге програми и активности од својот буџет издевои 6 049 525 денари“  – вели Бакрачески.

Градоначалникот меѓу реализираните социјални проекти ги спомна: субвенционирањето на дел од трошоците, односно сметките кон Комуналец, Проаква, Нискоградба и Градски Гробишта, поддршка на наталитетот со еднократна парична помош во висина од 5000 на родилките, постојани стипендии за учениците и студентите, бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени лица, помош за семејствата чии домови биле опожарени, поддршка на Центарот за згрижување на лица со посебни потреби „Зраци“, помош на ранливите категории во снабдување со огревно дрво, неколкукратните хуманитарни донаторски активности реализирано во соработка со Црвениот крст. Бакрачески истакна дека денес посебно бил исполнет и како градоначалник и како сограѓанин што подале рака  на семејствата  кои биле опожарени во минатото, и во 2013 и 2014 година. За опожарени објекти, општината исплатила околу  2,5 милиони  денари. Бакрачески потеннцира дека финансиски ќе ги помогнат и семејствата кои изминатите денови беа поплавени.На новинарско прашање дали предвидените 200 000 денари буџетски средства за социјална заштита на Локалната се доволни за ранливата категорија на граѓани, имајќи ја во предвид реалната слика и сиромаштијата со која се соочуваат граѓаните, градоначалникот со став.

poplavi„Тоа е проблем на кој што вреди да се посвети поголемо внимание, меѓутоа нашите напори за подобрување на секојдневието на социјално ранливите категории на граѓани и граѓаните со посебни потреби се пресликани во поголем број активности кои што ние ги преземавме“ – изјави Бакрачески.

Но сепак градоначалникот нагласи дека подобрувањето на животниот стандард на охриѓани бил врвен приоритет за Локалната самоуправа а тоа е можно само преку економско заживување на Охрид.

„Тоа е борбата за стопанско заживување на Охрид и отворање на нови работни места, напори кои заедно со Владата на РМ ги водиме во континуитет и кои секако се насочени кон намалување на лица кои се под социјален ризик. Влезот на двата автомобилски гигианти „ОДВ електрик“ и „Костал“ во Охрид се можност за нов почеток на овие лица и нивно активно вклучување во берзата за труд“ – додава градоначалникот.

Борбата за подобра иднина на охриѓани не прекинува и ќе продолжи со појак интензитет, вели Бакрачески. Додава дека средствата за социјално ранливата категорија од година во година ќе растат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top