Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Петок 18-ти јуни, ден пред празникот Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

 |   | 

Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), петок, 18-ти јуни, ден пред празникот Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top