kamensko

Вечерна богослужба за „Прочка – Поклади“

Post Views: 15 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 22 фавруари 2015 година (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Ги известуваме своите православни верници дека од 22 до 26 февруари 2015 година, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови...

Continue reading

Прв пат по 40 години реклама за пушење

Post Views: 4 Контроверзна реклама каде една жена пуши електронска цигара ќе биде прикажана на британска телевизија. Ова е прв пат да се допушти прикажување како некој пуши е-цигара. Противниците предупредуваат дека рекламата би можела да ги поттикне децата на користење на истата, пишува Daily Mail. Пушењето на цигари во рекламите на британските телевизии се забранети во 1965 година. Претходните реклами за е-цигарите не смееа да го прикажат уредот, а новата реклама означува промена на правилата на Одборот за рекламирање. Рекламата во која жена пуши е-цигара ќе биде прикажувана после...

Continue reading

лого

Разрешена директорката на ЈП за комунална дејност од Дебрца

Post Views: 9 Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски разрешен е директорот на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска. Поради неисполнувањето на очекуваните резултати во претпријатието изминатиов период и реакциите од жителите на општина Дебрца, Градоначалникот на општина Дебрца ја донесе оваа одлука. За ВД Директор назначен е Стојмир Велјаноски, вработен во јавното претпријатие, согласно законските одредби од законот за Јавни претпријатија. Во наредните денови од страна на Градоначалникот ќе биде распишан Оглас...

Continue reading

logo

Започнаа уписите за младите актери

Post Views: 0 Сите хриѓани и охриѓанки кои се навозраст од 7 до 17 години, а имаат желба и талент да се занимаваат со театарската игра, сега имаат можност да бидат дел од Детското драмско студио кое од 1-ви март 2015 година ќе работи во рамки на охридскиот Народен театар. Уписите се во тек, а сите заинтересирани можат да се пријават секој работен ден во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид. Со членовите од драмското студио ќе работат ангажирани професионални театарски работници, кои се дел од тимот на оваа културна установа. {loadposition content9}  

Continue reading

МВР

МВР: Казни за секој кој ќе го наруши изборниот процес

Post Views: 5 Министерството за внатрешни работи денеска ја започнува втораа фаза од оперативниот план за постапување на изборите односно збиднувањето и сите мерки и активности кои што се предвидени токму за осигурување на јавниот ред и мир на денот на гласањето, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР. “Имено, МВР согласно претходно изготвениот план уште во шест часот сабајлево ги распореди полициските службеници на сите избирачки места на кои што на истите беше предвидено согласно плановите да ги обезбедуваат“, изјави Котески.Тој истакна дека најголемиот дел од избирачките места...

Continue reading

logo

ЈП „Градски пазар“ издава тезги за 8-ми март

Post Views: 9 По повод дмеѓународниот ден на жената, празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“ од Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република, кај Чинарот. Сите заинтересирани за изнајмување на тезгите може да се пријават во административните простории на ова јавно претпријатие или да побараат информации на телефон 046-266-600. {loadposition content9}

Continue reading

seca na Jablanica

Протест на жителите од Бороец и Јабланица

Post Views: 1 Протести во Бороец. Месните заедници од ова село но и од Јабланица реагираат поради неконстролираното и немилосрдно сечење на шумата на планината Jабланица. Се сечи и берe се што ќе се стигне, поради тоа бараме од одговорните да ни пуштат експерти и да ни кажат што уште се планира да се направи“, вели претседателот на месната заедница од Бороец, Ружди Исмаиловски. „ Имавме средба со директорот на Македонски шуми и тој ни кажа дека ќе го берат и реонот над селото. Ги браниме изворите од Еленов рид и Петров камен, од каде добиваме вода за пиење“, додава претседателт на...

Continue reading

галеб

Низ градов тешко е да се вози линиски превоз

Post Views: 25 Немањето автобуски постојки, нивно неодржување, немањето табли со возен ред, узурпацијата на постојките од дивите такси превозници се само дел од проблемите со кои се соочува АД „Галеб“, кое го спроведува линискиот превоз во градов. Раководителот Димитар Василевски вели дека повеќе пати им се имаат обратено на надлежните во Локалната и до сообраќајната полиција за да ги отстранат овие аномалии. Но досега нема некој конкретен ефект. Во градов има само две постојки кои се со настрешници и клупа за седење. Едната е кај некогашниот Тим маркет, а другата од спротивната страна....

Continue reading

Во целост ќе се конзервира и реставрира ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо

Post Views: 28 Во тек е реализацијата на проектот за целосна конзервација, реставрација и презентација на ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо (IV-V век), информираат од Завод и Музеј Охрид. Во првата фаза е извршено расчистување на просторот со што се овозможија услови за спроведување на конзерваторски истражувања и изработка на Елаборат за поставување на кровна конструкција над целата базилика. Проектот го раководи д.и.а. Анита П. Танеска, виш конзерватор за архитектура од Завод и Музеј – Охрид.

Continue reading

бекатон

Локалната најавува градежна пролет

Post Views: 8 Ќе се подобрува патнат инфраструктура во градов. Локалната најпрво започна со санација на дупките на Булевар „Туристичка“, дел од улицата „Крали Марко“, „Јане Сандански“, а денес интензивно се работи на „Димитар Влахов“, „Абас Емин“ и на делови од „Богомилска“ и „Даме Груев“. Дупките се пополнуваат со бекатон коцки, но тоа е само привремено, велат од Секторот за комунален развој и  сообраќај. Заради неработењето на асфалтните бази во овој период од годината поради ниските температури ние ги закрпивме дупките со бекатонки, но штом почнат да работат базите веднаш ќе бидат...

Continue reading

охригјани

Охриѓани во изминатава деценија не поднесле нити една граѓанска иницијатива во градскиот совет

Post Views: 0 Охриѓани во изминатава деценија не поднесле  нити една граѓанска иницијатива во градскиот совет. Прекумерна урбанизација,заштита на животната средина, лоша патна инфраструктура, канализациона мрежа, кучиња скитиници, се само дел од бројните урбани проблеми кои ги мачат охриѓани. Охриѓани имаат законска  можност да делуваат со грaѓанска  иницијатива за да се подобрат или решат проблемите. Низ формата граѓанска иницијатива, граѓаните имаат право да му предложат на советот да донесе акт или да реши одредено прашање од негова надлежност.  Иницијативата треба да биде поддржана...

Continue reading

Каталонците се за излегување од Шпанија

Post Views: 0 На каталонското необврзувачко изјаснување за независност повеќе од 80% од излезените гласале за отцепување на Каталонија од Шпанија, покажаа првите прелиминарни резултати објавени утрово. Право на глас во Каталонија имаа околу 5,5 милиони луѓе, а можea да се изјаснат на 1300 избирачки места, пренесува RTRS. Официјален Мадрид изјаснувањето го нарече безвредно, а агенциите наведуваат дека сеуште не е познато кое ќе биде значењето на изјаснувањето, но потсетуваат на неодамнешната одлука на Уставниот суд кој нареди одложување на референдумот, за кој владата во Мадрид тврди...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top