Post Views: 0
Според неговата денешна изјава, очекувањата се дека ќе се вакцинираат околу 600 000, односно половина од полнолетните граѓани во земјава.
–Мислам дека до крајот на летото голема бројка граѓани ќе бидат вакцинирани. Во овој момент се вакцинирани нешто под 300 000 граѓани. Со оваа следна количина која доаѓа тоа се уште 300 000 граѓани. Тоа ќе бидат вкупно 600 000 граѓани, 50 проценти од вкупната популација која имаме идеја дека треба да се вакцинира. Тука ги исклучуваме децата. Така што до крајот на летото верувам дека ќе се постигне процент на вакцинирани за кој...
Post Views: 6
Со мелодичните звуци на хорот при основното училиште „Христо Узунов“, изведба на рецитали посветени на големиот охридски и македонски револуционер, под развеаното македонско знаме и чувани од младите војводи, основците од ова училиште му оддадоа почит на својот патрон, Христо Узунов.
Родители, наставници, граѓани на малиот плоштад кај стара библиотека, ја проследија подготвената свечена програма која е дел од дводневното чествување на споменот на големиот војвода Узунов.
„Узунов во колективната меморија на охриѓани но и на македонскиот народ ќе остане врежан како пример...
Post Views: 1
Средношколиците од електромашинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“ од денес ќе добиваат совети за нивната професионална наобразба, и помош при изборот на нивните идни професии во рамките на нивното училиште. Во присуство на градоначалникот, Никола Бакрачески, директорот на канцеларијата за развој при УСАИД Македонија, Мајкл Стиватер како и директорот на училиштето Јане Цаноски, професори и ученици, беше свечено пуштен во употреба кариерниот центар. Според директорот на училиштето, со отворањето на овој кариерен центар ја добиваат можноста правилно да ги насочат...
Post Views: 1
Американскиот претседател Барак Обама од Конгресот бара 263 милиони долари за програма која опфаќа купување на специјални камери и додатна обука за полицајците.
По сѐ што се случуваше во Фергусон и неделата која беше одбележана со протести низ САД, американскиот претседател Обама побарал од Конгресот да одобри 263 милиони долари наменски средства за додатна обука на полицајците и купување на камери кои ќе бидат составен дел од опремата и кои полицијата ќе ги носи на својата униформа. Целта на оваа програма е враќање на довербата во полицијата.
“Тоа не се однесува само...
Post Views: 1
Охридските средношколци повторно на улица. Тие со скандирање и транспаренти по втор пат упатија јасна порака до министерот за образование: „Нема да дозволиме да продолжи игнорантскиот однос кон нас, долго сме игнорирани и нема да дозволиме тоа да се случи и во иднина“. Претставници на Средношколскиот пленум од Охрид денес на градскиот плоштад прочитаа соопштение преку кое дирекно се обратија до министерот Абдулаќим Адеми. Единствено што бараме е дијалог, со цел да се изнајде решение, кое ќе биде прифатливо за двете страни, велат од пленумот.
„Ние по втор пат излегуваме...
Post Views: 14
Охрид го одбележува 24 април датумот на погибијата на војводата Христо Узунов. Оваа година се одбележуваат 110 години од неговата херојска смрт во Цер. Христо Узунов и комитите од неговата чета си ги одземаат животите и не се предваат живи на турискиот аскер. Денес во спомен куќата на Христо Узунов се одржа историски час за ликот и делото на војводата Узунов. Историчарот, професор Наташа Котлар Трајкова потсети на идеалите и борбатат на војвода кој бил дел од Македонската револуционерна организација чија девиза била Македонија на македонците. Христо Узунов е чедо...
Post Views: 1
Во Демир Капија, Свети Николе, Гевгелија, како и во валандовскиот, струмичкиот и во виничкиот регион денеска се очекува зголемена опасност од избивање на пожари, поради сончевото време и високите температури, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради ова припадниците на територијалните противпожарни единици и подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување и на Центарот за управување со кризи ќе бидат на ниво на најголема мобилност во сите региони во државава. Со цел да се спречи евентуалното настанување на шумски пожари Координативното тело за...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин. Во пријавата опфатени се уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и Д.А.(40) од селото Долно Страгомиште-кичевско, за сторено казнено дело „помагање“. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена.
На 21 овој месец околу 23 часот, тројцата пријавени, во казино во Кичево направиле договор да одат во охридското село Слатино и да извршат кражба. Притоа првопријавениот А.А....
Post Views: 3
Шумоликоски сигурен e дека влегува во дијалог за стопанисување со хотелот „Бисер“ каде состојбата е чиста. Тој, гледа добра иднина за развој на туризмот во Струга и рече, „Хотелот „Бисер“ мора да претрпи детално реновирање бидејќи планирам Европските тимови да ги донесам тука“.Македонскиот реперезентативец не се откажува од своите планови на полето на спортот. Сите зафати околу хотелот кои тој планира да ги направи ќе му ги препушти на татко му а тој само финансиски ќе учествувал, вели тој. Неговите планови се во хотелот „Бисер“ да инвестира 2-3 милиони евра.
{loadposition...
Post Views: 6
После сторијата на ТВМ за Линдита Рамадан, девојчето со церебрална парализа која живее во лоши услови, стручните работници од охридскиот Центар за социјална работа утрово биле во посета на семејството Рамадан.
Како што информираше директорот Екрем Каљоши, на лице место била согледана нивната состојба, од страна на неговите служби и се договориле во понеделник таткото на Линдита да поднесе во Центарот барање за остварување еднократна парична помош како и да ги разгледаат можностите за остварување право на социјална помош.
Каљоши категоричен дека согласно Законот, на...
Post Views: 1
Вчеравечер на летната сцена „Долни Сарај“ по четврти пат се одржа Интернационалниот фестивал „Денови на Балканската култура, традиција и уметност во Охрид“ поддржан од општината Охрид и Амбасадата на Бугарија во Република Македонијa.
На настанот присуствуваше и свое обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески.
– Ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на Локалната самоуправа да ве поздравам и да го означам почетокот на овој културен настан, кој има за цел да ги поврзе и обедини балканските народи, во насока на зачувување и негување...
Post Views: 1
Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.
Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања.
За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници.
Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2D проекции и 200 денари за 3D проекции!-“Зошто...