Охридските средношколци повторно на улица

Учениците од охридската гимназија“Св. Климент Охридски“ и економско„Св. Кирил и Методиј“ денеска по втор пат излегоа на протестен марш низ охридските улици, искажувајќи го револтот од реформите во средното образование и инорантскиот однос на ресорниот министер.

 |  Николоска Биљана  | 
ucenicki mars
ученички марш

ucenicki marsОхридските средношколци повторно на улица. Тие со скандирање и транспаренти по втор пат упатија јасна порака до министерот за образование: „Нема да дозволиме да продолжи игнорантскиот однос кон нас, долго сме игнорирани и нема да дозволиме тоа да се случи и во иднина“. Претставници на Средношколскиот пленум од Охрид денес на градскиот плоштад прочитаа соопштение преку кое дирекно се обратија до министерот Абдулаќим Адеми. Единствено што бараме е дијалог, со цел да се изнајде решение, кое ќе биде прифатливо за двете страни, велат од пленумот.

„Ние по втор пат излегуваме на улица да го искажиме нашиот револт не само поради лошите реформи туку и поради односот на нашиот министер за образование чиј приоритет треба да биде образованието а сите сме сведоци дека моментално тоа не е така. Затоа јавно се обраќаме до Министерството за образование дека инсистираме на средба со претставници од средношколскиот пленум на која ќе се оствари дијалог за барањата доставени од истиот.

ucenicki marsОд средношколскиот пленум упатија апел за поддршка од сите оние кои на некој начин се сложуваат со нивната борба, бидејќи како што нагласија овие реформи не важат само за нив, туку за сите оние кои директно или индиректно се вклучени во образовнито процес.
Учениците кои протестираа и овој пат беа поддржани од родителскиот пленум, кој застанува зад нивните барања. И тие имаа порака до министерот за образование. Ви укажуваме дека учениците единствено нешто што бараат од Вас, е да не бидат неми посматрачи на актуелните збиднувања во образованието, секогаш подготвени на најголемата придобивка во едно демократско општество кон кое сите се стремиме, правото на дијалог, да бидат испрашани но и да испрашуваат, се тоа за едно подобро утре на идните генерации.

ucenicki mars„Дозволете како родители да Ви укажеме дека е крајно време да го препознаете и респектирате потенцијалот кои го носат млоадите во оваа држава, кога е во прашање една цела генерација на ученици од средно образование, генеравија која сака, може и умее и има право активно да учествува во создавање на квалитетно и модерно образование, ге4нерација на која им е доста од инстант реформи, реформи зар5ади реформи и реформи во вид на прашања“– вели Рајко Домазетоски од родителскиот пленум

Инаку денешниот протестен марш на средношколците, кои веќе втора недела ја бојкотираат наставата, започна од охридската Гимназија, потоа средношколците се упатија по улицата „Димитар Влахов“, преку „Македонски Просветители“ до крстосницата кај „Охридска банка“, каде кратко време го блокираа сообраќајот. Потоа направија круг од градскиот пазар, низ чаршијата, а завршија на главниот плоштад. Протесниот марш беше следен од полициски службеници а истиот помина мирно, без инциденти.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top