Post Views: 2
Од охридската болница информираат и официјално започна реконструкцијата на дел од општата болница. Освен во струшката општа болница хируршките оперативни зафати ќе се прават во Костозглобна и Дијализа информира портпаролот на општа болница д-р Сашо Василески. Објаснува како и досега пациентите ги имаат сите права на избор на хирург, медицинска установа и и начин на лекување. Д-р Сашо Василески, портпарол на општа болница истакнува „дел од екипите дежурствата ќе ги вршат во Струга, и понатака охридските анестезиолози и хирурзи ќе функционираат само што ќе бидат ...
Post Views: 2
Ендемичната охридска пастрмка, охридската белвица, јагулата, преспанскиот крап се само мал дел од огромното природно богатство кое го имаме на дланка. Охридско-преспанскиот биосферен резерват е еден од најбогатите региони со животински и растителен свет во земјава, но и многу пошироко. Денес, на меѓународниот ден на биолошката разновидност, Охрид се соочува со борба за зачувување на она што не смее да се изгуби, природните реткости кои го прават да биде уникатен сам по себе.
„Фондот на животински свет кој што постои во НП Галичица кој може да се напомене и од големите...
Post Views: 1
Книгата „Македонија со љубов- Езерки 7/8“ од хрватската авторка Џудита Реј Худачек ќе биде промовирана вечерва во Охрид. Авторката е претседател на Хрватско-Македонската заедница во Загреб и еден од основачите на друштвото „Езерки 7/8“. Идејата на книгата е да претставува туристички водич од гледиште на Хрватите за Македонија. Во оваа книга наместо технички податоци како во класичните туристички брошури, авторката го изразува емотивното доживување на луѓето и зошто одново се враќаат назад за на крајот да открие дека дека топлината на самите луѓе и македонската душа е...
Post Views: 1
Синхронизирано, точно во 12 часот на знакот даден од Љубљана, колевката оваа традиција, матурантите од охридските средни училишта го заиграа штраусовиот квадрил заедно со своите врсници од 75 други градови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Море од црвени чадори и матуранти облечени во црвени и жолти маички ја продолжија традицијата и по десетти пат ја изведоа матурската парада. Учеството во неа, незаборавно за матурантите.
„Чувството е многу убаво и незаборавно. Многу добро си поминавме додека вежбавме и сега исто така.“
„Ние...
Post Views: 0
Гордост за еден град и на државата во целост е да има високообразовани кадри кои се движечка сила на развојот. Една генерација дипломци на ФТУ Охрид денеска го заокружи поглавјето од животот посветено на факултетското образование. Денес во оваа установа беа доделени 99 дипломи на студенти од студиските програми од областа на услужниот сектор. Нашите очекувања се овие дипломци да бидат амбасадори и промотори насекаде во светот на полето на туризмот, што истакна Првиот човек на ФТУ, Проф Сашо Коруноски.
„Денеска ќе ни биде чест да доделиме 99 дипломи за прв циклус и...
Post Views: 1
Социјалната политика на општина Охрид и грижата за ранливите категории на граѓани, една од главните заложби на градоначалникот Никола Бакрачески. Секојдневно луѓето кои се во тешка материјална состојба бараат помош од Локалната, односно доставуваат барања за користење на еднократна парична помош, вели градоначалникот Бакрачески . Додава дека исплатата на средствата се врши откако Комисија на Советот на општина Охрид ќе направи проценка за нужноста од исплата на средства за одредена наменаа.
„Голем дел од нив се однесуваат за исплата на трошоци за лекување најголем дел...
Post Views: 4
Мапите “Here” на Nokia досега беа достапни во бета верзија за корисниците на Android уредите, а оваа апликација ја превзеле милиони луѓе во раната фаза.
Како што објавија на својот блог “Here” сега се достапни во бета верзија бесплатно на Google Play ширум светот. Инсталацијата на апликацијата е далеку поедноставна од претходно преку нивната страница here.com. Google Play сега ќе се погрижи да ја имате најновата верзија на апликацијата, благодарение на известувањата кои ги добиваат корисниците на својот уред.
Новината е дека “Here” сега поддржуваат гласовна навигација...
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторени дванаесет казнени дела „тешка кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(44) и Д.М(43) двајцата од Прилеп.
Полициските инспектори, на 21 мај оваа година околу 12 часот, ги затекнаа двајцата пријавени при употреба на подесен алат и обивање на блиндор врата во стан на петтиот кат на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид. При личен како и претрес во нивното патничко моторно возило, пронајдени се инбус клучеви, мини метална округла шипка, една мини плосната шипка, една метална пинцета, два скалпери,...
Post Views: 2
Под мотото „Од децата за децата“ на 31.05.2015 год. (недела) во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид , со почеток од 12 часот, ќе настапи хорот „Златно славејче“.
Најмалите охриѓанчиња ќе имаат ретка прилика да се забавуваат со најновите детски хитчиња. Со секој купен билет од 100 денари пак ќе добијат и ЦД со најдобрата детска музика и сокче. Картите од денес може да се набават на билетарата на Центарот за култура.
Караванот концерти на реномираниот фестивал „Златно славејче“ се оддржува низ повеќе општини во државава а организатор е СТ- продукцијата...
Post Views: 3
Цените на мало во август годинава, во споредба со истиот месец лани, бележат раст од 3,8 отсто, а трошоците за живот бележат раст од 3,6 отсто, објави државната статистика.
Во август, во однос на јули годинава, цените на мало останале непроменети, а трошоците на животот се намалени за 0,1 процент.
Намалувањето на трошоците на животот од 0,1 процент е резултат на пониските индекси на овошјето за 14,6 отсто, зеленчукот за 3,3 отсто и свежото и киселото млеко за 0,2 отсто.
Во август годинава намалување на трошоците на живот е забележано и кај ПТТ услугите за 3,7 отсто,...
Post Views: 0
Здружението ТИТОИСТИ-Охрид,по повод Денот на младоста(радоста)-Предавање на импровизирана штафета која ја носи младината од сите ЈУ Републики во Белград, а во Р.М.носејќи ја од ТИТОВ Велес до Скопје.
Исто така по повод 123 години од раѓањето на Другарот поранешен претседател на СФРЈ Јосип Броз ТИТО(1892-2015 година),ќе одржи Прес средба во Понеделник -25.05.2015 година со почеток од 11.30 часот во просториите на Здружението(Барака на Гранит).
Post Views: 1
Скапо-ефтино мора да поминеме некако. Уплашено окото и на пазарџиите и на потрошувачите. За тоа допринесоа високите цени на охридскиот пазар кои деновиве се повисоки дури и за 50 проценти. Наглиот пораст на цените на сезонските продукти видно ги оддалечија потрошувачите од пазарџиските тезги кои нудат пред се домашен квалитет. Струмичката пиперка ајварка присутна на тезгите, но интересот на потрошувачите слаб. Пазарџиите се тешат дека сеуште е рано за зимница.Потрошувачите годинава ќе се откажат од повеќе деликатеси за традиционалната зимница. Тие велат дека цените...