Промоција на книгата „Македонија со љубов- Езерки 7/8“ вечерва во Охрид

Книгата „Македонија со љубов- Езерки 7/8“ ќе биде промовирана вечерва во Охрид. Книгата претставува своевиден туристички водич во кој се прикажани доживувањата на луѓето кога ги посетувале македонските знаменитости. Во книгата посебно место имаат Охрид и обележјата на градот.

 |   | 

Книгата „Македонија со љубов- Езерки 7/8“ од хрватската авторка Џудита Реј Худачек ќе биде промовирана вечерва во Охрид. Авторката е претседател на Хрватско-Македонската заедница во Загреб и еден од основачите на друштвото „Езерки 7/8“. Идејата на книгата е да претставува туристички водич од гледиште на Хрватите за Македонија. Во оваа книга наместо технички податоци како во класичните туристички брошури, авторката го изразува емотивното доживување на луѓето и зошто одново се враќаат назад за на крајот да открие дека дека топлината на самите луѓе и македонската душа е тоа што ги врзува луѓето за земјава.

Навистина испаѓа дека најакиот македонски адут е македонскиот човек. Мислам дека оваа книга е интересна за македонците, за да видат како другите ги гледаат. Мислам дека не е доволно форсирана македонската историја. Немаме доволно увид во тоа дека македонија е земја во која христијанството влегло во Европа.“-изјави авторката Џудита Реј Худачек.

Во рамки на активностите на Хрватско-Македонската заедница се реализирани повеќе програми, сите во соработка со институтот за национално малцинство во загребската Жупанија.

„Во последните седум години успеавме да направиме пет книги, сега ќе излезе од печат и шестата, документарен филм за Езерки и 7/8, бројни концерти, концертни турнеи, книги за македонското кулинарство.“-истакна Лена Ѓапиќ, претставник на македонското национално малцинство во загребската Жупанија.

Женската етно пејачка група „Езерки 7/8“ која постои 25 години планира да одржи концертна турнеја во Македонија. „Езерки“ постојат од 1995 година, ја негуваат македонската народна песна и имаат објавено пет албуми, соработки со неколку познати естрадни имиња меѓу кои и Тоше Проески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top