Amazon не сака да ја надокнади штетата на трговците

Post Views: 1 По грешката во системот на цени поради која артиклите од Amazon минатиот петок можеа да се купат по едно британско пени, од Amazon им порачале на трговците дека нема да платат никаква отштета за настанатата штета. Како што пишува The Guardian, Amazon им порачува на трговците да се обратат на “третата страна” која е одговорна за софтверската грешка, а во овој случај се работи за компанијата Repricer Express. Но, за жал на трговците,ниту оваа компанија немала слух на нивните жалби па така им понудила само извинување дека навистина “искрено жалат”. Да потсетиме, во петокот...

Continue reading

Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена

Post Views: 1 Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште во месец јануари Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти директорката на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место и пет месеци подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа од оваа невозможна мисија. Директорката изјави дека претпријатието ниту технички...

Continue reading

Balkanski festival

„Танец“ со нови кореографии ќе го отвори 54 -то издание на Балкански фестивал

Post Views: 0 Подготвена сцената на Долни Сарај за годинешното 54-то издание на Балканскиот фестивал за народни песни и  игри. Од 6 до 11 јули  фолклорните ансамбли од 12 земји ќе го презентираат својот автентичен мелос.  Играорците од Турција, Бугарија, Полска, Северен Кипар, Србија,  Канада и други земји ќе се претстават  на годинешното издание на Балканскиот фестивал, напоменува директорката на НУ Центар за култура Драгана Боцевска. „ Фестивалот постои за зближување на културата и народите, тоа е неговата мисија. Фолклорот е најголем реперезнт на секоја  земја учесничка. Специјално...

Continue reading

Околу милион Македонци имаат “Фејбук“ профил

Post Views: 3 Околу милион Македонци имаат свој “Фејсбук“ профил, додека нешто повеќе од тоа се приклучени на Интернет, покажуваат статистичките податоци на “Интернет ворлд стат“. Вкупно 878.300 Македонци имаат свој профил на социјалната мрежа “Фејсбук“, додека Интернет користат 1.057.400 луѓе. Во Европа интернет користат нешто повеќе од 476 милиони луѓе, или 58 отсто, а “Фејсбук“ 209 милиони. Најмногу Интернет во Европа користат Германците, а зад нив се Русија, Велика Британија, Франција и Турција. Во светот има 2,1 милијарди интернет корисници или 30,2 отсто од вкупната светска...

Continue reading

otpad

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига во 06:00 наутро

Post Views: 2 Ј.П. „ Охридски Комуналец“ ги информираат физичките и правни субјекти, корисници на нивните услуги, дека во периодот 29- ти јуни до 31- ви август комуналниот отпад ќе се подига од 06.00 часот наутро. Од претпријатието појаснуваат дека овие  активности се спроведуваат со цел, за време на  екот на туристичката сезона, нивото на услужната хигиена да се одржи на највисоко ниво.  

Continue reading

Den na srceto

Јас работам со срце

Post Views: 2 Преземете ја контролата врз вашето здравје. Годинешната кампања со која ќе биде одбележан Светскиот ден на срцето ќе биде под слоганот „Јас работам со срце“. Слоганот произлегува од насоката на годинешната кампања, која е насочена кон промена на условите за работа и начинот на однесување на секој поединец на своето работно место, кој може да придонесе во намалувањето на кардиоваскуларните заболувања и мозочниот удар. Д-р Коњаноска Гордана, специјалист по медицинска рехабилитација од Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, истакна дека потребно е да заговараме...

Continue reading

velosipedi

Велосипедско поврзување на Охрид и Струга

Post Views: 2 Велосипедско поврзување со соседна Струга. Ова е само мал дел од големата идеја на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и велосипедскиот клуб „Еко Дром“ од Охрид. Овој проект кој тие заеднички го подготвуваат, е замислено во соработка со локалните самоуправи на Охрид и Струга, Секторите за внатрешни работи и министерството, како и сите други институции кои имаат некакво влијание во регулирањето на оваа сфера, да започне едно ново поглавје во приказната за велосипедистите во градов, но и бројните туристи кои токму на велосипед допатувале во Охрид....

Continue reading

Охридската католичка заедница денеска слави Бадник, а утре Божик

Post Views: 11 Денеска според грегоријанскиот календар, католичката црква го празнува Бадник, еден ден пред големиот Христијански празник Христовото раѓање- Божик. Вечерва во католичката црква Св. Кирил и Методиј и Св. Бенедикт во Охрид ќе се одржи полноќна литургија, а утре ќе биде главната свечена божикна литургија. На Божик според католичките обичаи, му претходат четири недели на подготовка, т.н. адвентски недели, време кога се потенцира духовниот пост, хуманоста, одрекување од лоши навики. За Бадник или бдеење обичај е посна трпеза и кршење на бадниково лепче, додека за Божик...

Continue reading

Нов фестивал во Охрид – „Охридски бисери“

Post Views: 11   Над 400 учесници се дел од фестивалот „Охридски бисери“, кој годинава за прв пат од 18 – 22 јуни се одржува во Охрид. Организатор е  Младинскиот културен центар од Охрид. Како што изјави претседателот на ова здружение Зоран Стрезоски, гостите на овој фестивал се од Европските земји, Чешка, Унгарија, Хрватска, литванија, Словенија, Русија, Турција. „Синоќа имавме отварање на прекрасната сцена на Долни Сарај, каде што во првиот дел настапија хоровите, а во вториот дел, фоклорните групи. На фестивалската вечер направивме еден извонреден перформанс со наша македонска...

Continue reading

Населбата „Охридати“ наместо со елитни еко катчиња оставена со несредени површини и отпад

Post Views: 0 Населбата „ Охридати“ која се наоѓа во близина на Охридското Езеро оставена со несредени патни површини. Жител на населбата до нашата редакција испрати фотографии и реагираше дека наместо елитни еко катчиња сликата на населбата е отпад и нечистотија. -По три децении сеуште ги нема елитните еко катчиња. Наместо нив гледаме несредени дворни површини и делови кои се гушат во отпад и нечистотија и напукнати улички по кои секој ден минуваат автомобили и се движат жителите на урбаната населба „Охридати“.-реагираше Васко Рубаноски, жител на населбата. Во објавата...

Continue reading

Министерот Чавков очекува мирна и безбедна туристичка сезона во Охрид

Post Views: 2 Локалниот Совет за превенција одржа седница на која се дискутираше за мерките што ќе се преземат во пресрет на туристичката сезона во охридско-струшкиот регион. Како што истакна првиот човек на градот Ниола Бакрачески, безбедноста и јавниот ред во Охрид за време на туристичката сезона и тоа како им е важна на сите чинители во туризмот. „После спроведена координирана активност помеѓу сите субјекти за очекување е дека во текот на оваа сезона ќе имаме највисоко ниво на постигнување на ред и мир безбедност и организација на сите предвидени активности кои чинат квалитетна...

Continue reading

Свечено затварање на Францускиот филмски фестивал во Охрид

Post Views: 7 Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде затворено 8-то издание на Фестивалот на француски филм во Македонија. За крај љубителите на филмската уметност ќе можат да ја погледнат проекцијата на филмот „Семејството Белие“, во режија на Ерик Лартиго. Имено, оваа проекција е единствена која годинава се прикажува во Охрид. Како што веќе информиравме свеченото отварање на фестивалот  трета година по ред се одржува во Скопје, а не во Охрид, а причините за таквата одлука не се познати. Во изминатите години Фестивалот финансиски беше поддржуван...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top