Свечено затварање на Францускиот филмски фестивал во Охрид

Завршува 8-мото издание на Францускиот филмски фестивал во Македонија. Златната маска годинава оди во рацете на актерката Ањес Сорал.

 |  Николоска Биљана  | 

Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде затворено 8-то издание на Фестивалот на француски филм во Македонија. За крај љубителите на филмската уметност ќе можат да ја погледнат проекцијата на филмот „Семејството Белие“, во режија на Ерик Лартиго. Имено, оваа проекција е единствена која годинава се прикажува во Охрид.

Како што веќе информиравме свеченото отварање на фестивалот  трета година по ред се одржува во Скопје, а не во Охрид, а причините за таквата одлука не се познати. Во изминатите години Фестивалот финансиски беше поддржуван од општина Охрид, од Министерството за култура, од францускиот културен центар и од спонзори, а оваа година охридската Локална Самоуправа ги секна финансиите за Францускиот филмски фестивал во Македонија, како што напоменаа од здружението „Охридски филмски фестивал“. 

Според најавите, вечерва на проекцијата на филмот ќе присуствуваат дел од ексклузивните гости, меѓу кои и добитничката  на годинешната Златна маска на фестивалот, Ањес Сорали, а пред публиката ќе се обрати амбасадорот на Франција во РМ Лоренс Оер и градоначалникот Никола Бакрачески. Средбата со новинарите е во 19  и 30 во кафе барот Објектив, а доделувањето на Златната маска ќе биде во 20 и 30ч во Центарот за култура „Григор Прличев“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top